Жената на Шабан Шаулиќ, Гордана, земала 200 илјадарки за осигурување?

0

Денес, среда, 17 февруари, се навршуваат поминаа две години од упокојувањето на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ.

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ за гина во сообраќајка во Германија. Ѕвездата на народната музика во автомобилот, според неофицијалните информации бил со возачот и кумот, а не среќата се случила во околината на Билефилд каде пеел.

Шабан Шаулиќ потоа итно е префелрен во болница, каде поч инал.

Денес, во медиумите се појави информација дека неговото семејство наводно го решило прашањето за животно осигурување на поч инатиот пејач.

Имено, според објавените обвинувања, неговата сопруга Гордана наводно минатата година од австриската осигурителна компанија примила близу 200.000 евра, бидејќи Шабан им плаќал пари во случај на несреќа или повреда повеќе од една деценија.

Од тие пари, наводно, јавуваат медиумите, таа вратила дел од долгот што се појавил затоа што наводно однапред зела пари за настапите на Шаулиќ, а станува збор за сума близу 250.000 евра.

Во оваа прилика, редакцијата на „Телеграф“ од Белград се јавила кај Гоца да им даде коментар за споменатите пишувања од медиумите, но таа звучела доста револтирано заради оваа тема.

-Ајде, ве молам, како можете да зборувате такви глупости?! Кој друг верува во тие глупости?!“ изјави вдовицата на кралот на народната музика за Телеграф, и веднаш ја прекинала врската.

Да потсетиме, семејството Шаулиќ беше на Новите гро бишта денес, на 17 февруари, по повод втората годишнина од упокојувањето на нивниот сакан Шабан.

Вдовицата на пејачот не можеше да ги задржи солзите, а децата беа цело време со неа.

На спомен-обележјето дојде и кумата на Шабан, Зорица Брунцлик, со нејзиниот сопруг Мироjуб Аранѓеловиќ Кемиш.

Инаку лани, на годишнината, кумашинот на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ кој беше со него, за ало.рс изјави:

„Семејството на Шабан ми се јави и ми кажа дека ќе одбележи една година од неговата см рт, но јас не можев да дојдам во Србија. Немав сила да дојдам на неговиот гроб и да му запалам свеќа. Шабан беше мојот најдобар пријател и кум, а освен другарството, не поврзуваше и тоа што му бев личен возач“ вели Слободан.

„Се сеќавам дека Гоца ми кажа нешто што ме израдува и натажи во исто време. Ми кажа: „Се чувствувам како да го видов мојот Шабан“. Ние бевме многу блиски, бевме неразделни. Или бевме заедно на турнеја, или тој беше во Крчедин, а јас го посетував. Повеќе време поминуаше со мене отколку со Гоца“, додава кумот на легендата.

Слободан ни по една година не може да се помири со фактот дека го загубил пријателот, а освен со семејството Шабан, се слуша и со семејството на Кериќ.

„Ми рекоа дека времето си го прави своето, дека лекува се, како тагата така и физичката болка, но тоа не е точно. Болките ме потсетуваат на несреќата и не можам да заборавам. Два пати неделно одам на псхијатар, тој ми помага, но не сум изелечен“ вели Стојадиновиќ.

Фото: Јутјуб принсткрин

Претходна статијаОткриено зошто Балашевиќ веќе десет дена е во болница
Следна статијаТијана ја прокоментира Шерифовиќ: Мара нека се држи до микрофонот