Се откажал од Лондон за да живее во Маврово и сега има одличен бизнис на Бистра: Македонецот Влатко Томовски е пример за вреден и упорен човек

0

Скопјнацеот Влатко Томовски има необична животна приказна. Tој решил да го остави градскиот живот во главниот град, и исто така да го напушти Лондон каде што живеел две години, потоа Грција, каде што останал четири сезони и да живее на планина.

Од 2015 година, Влатко живее во Маврово. Првично, тој планирал дека на падините на планината Бистра ќе се пресели кога ќе се пензионира.

Но, книгата на животот испишала поинаква приказна за него. Целата сторија за Влатко ја објави nasemavrovo.mk.

Влатко се родил во Скопје во 1965 година. Неговиот татко Хари Томовски, бил другар на познатиот Заре Лазарески.

Тој во 1973 година изградил викендичка. Хари бил инженер на челични конструкции што ја решавал статиката на жичарницата двосед во 1976 година.

Како што раскажал Влатко за „Наше Маврово“, одлуката за куќа во Маврово дошла многу спонтано, кога седуммина другари (деца бегалци од Егејска Македонија) славеле Нова година во Чешка и одлучиле да купат места за седум куќи во Маврово, и покрај тоа што немало струја, ниту вода.

Струја во Маврово приклучиле во 1974 година, а вода во 1979 година. Влатко многу се поврзал во детството со таа куќа и во текот на животот размислувал како да го продолжи својот престој таму.

Две години бил во Лондон, четири сезони во Грција и до 2015 година се занимавал со угостителство во Скопје, имал три ресторани за брза храна, но во зимската сезона цели месеци поминувал во Маврово.

Влатко замислувал дека еден ден ќе се врати во Маврово за пензионерските денови, но, како што вели, „срце јуначко не издржа да чека до пензија“.

Целата заштеда што ја имал ја инвестирал во Маврово, инвестирал во изградбата на комплетно нов објект „Вила Јана“. Веднаш потоа аплицирал за лична карта во Општина Маврово и Ростуша.

– Јас почнав да го правам ова за да си докажам себеси дека може да се направи! Откако се преселив, првата година не можев да се изнапланинарам, да се изнавозам велосипед и да се изнакајакарам.

Знаете ли дека комуналиите се 70% поевтини во Маврово отколку во Скопје?“, изјавил тој.

Од една мала викендичка од татко му, Влатко напорно работел и малку по малку го проширувал својот бизнис во нашиот најпопуларен ски центар. Сега, тој е сопственик на повеќе од седум вили кои нудат сместувачки капацитети за гости.

Влатко раскажал дека едно лето, 80 проценти од неговите гости биле Холанѓани, а изненаден е од млади парови кои доаѓаат од истокот на Македонија, и тоа најмногу на есен.

Потоа, тој раскажал и дека многу сака да лизга и тоа на Мавровското езеро кога ќе смрзне.

За првпат, Влатко лизгал во 1974 година, кога со брат му имале хокеј, а родителите лизхале со нив.

Влатко и денес со локалните мајстори сака да заигра хокеј на езерото, затоа што речиси секоја година е замрзнато, а за него ова е одлилен терен за овој зимски спорт.

Целата приказна за Влатко и неговата преселба во Маврово, можете ја ја прочитате ОВДЕ.

Фото: Фејбсук профил на Влатко Томовски, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаЃорѓи Спасов: За жал, Левица е во право
Следна статијаКаролина сподели приватни слики, од одмор со другарки (ФОТО)