Каролина сподели приватни слики, од одмор со другарки (ФОТО)

0

Каролина Гочева овие денови на својот Инстаграм профил се присетува на своите убави концерти кои ги имала во Скопје, во Филхармонија пред две години.

Таа споделува спомени од фотки и видеа што ѝ ги праќаат фанови и пријатели и порача дека сака пак да се врати старото добро нормално.

Една од нашите најголеми музички ѕвезди не сака многу да зборува за својот приватен живот во јавноста. Таа во 2017 година се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација- Аеродромот Стенковец.

– Не е точно дека сум криела, за мене секогаш сè се знаело, се знаеле основните работи кои не можеш да ги сокриеш, односно немаш причина да ги сокриеш од јавноста. Сум прочитала многу лаги, нешто што нема врска со вистината.

Но, сум го сфатила тоа како составен дел од мојата работа, и со тек на време веќе и престана да ми пречи“, рече Каролина Гочева во едно интервју за 1ТВ.

Потоа новинарката ја праша каква домаќинка е, дали пере, чисти, пегла, а таа одговори:

– Сите тие работи на нас ни се секојдневие. Знам да потфатам по дома, имам помош, меѓутоа сакам да потфатам, во последно време сакам да готвам, немам специјалитет, не сум до толку усовршена, меѓутоа сакам да експериментирам.

Правам некои работи кои што ги правам добро, неколку врсти тестенини..

На прашањето, кое јадење на Михаил најмногу му се допаѓа кое таа го готви, Каролина рече дека сè му се допаѓа, мора да му се допаѓа. Потоа зборуваше како функционираат заедно двајца уметници.

– Уште кога се запознавме, многу фино функциониравме во тој поглед, затоа што и двајцата имаме флексибилно работно време, значи можеме самите да си одредиме кога сме на одмор, кога работиме.

Јас со сопругот кога сме зафатени, сме зафатени 24/7, меѓутоа кога сме слободни можеме како сакаме да си го испланираме времето, така да во тој поглед функционираме одлично, супер е што така сме се поклопиле.

Ние баш убаво се надополнуваме еден со друг, се советуваме“, рече Каролина. Во едно постаро интервју за Femina.mk, таа откри кој е најдобриот совет што некогаш го добила.

– Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата.

Каролина за Женски магазин во една прилика зборуваше за својот роден град Битола, и за тоа која е разликата помеѓу битолските пуфли и битолските госпоѓи.

– Мислам дека горди битолчанки, и пуфли се малку различни поими. Особено ме радува што првиве ги има сè уште и Битола сè уште може да се пофали со вистински госпоѓи и од повозрасната генерација кои се дотеруваат за на театар, за на концерт, за кафе на Широк сокак.

Во истото интервју, таа зборуваше и за љубовта кон својата сестра Сандра и внуките Инес и Луција за кои рече дека се нејината главна причина за одењето во родниот град.

– Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината. Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене. И со двете имам посебен однос и огромна љубов.

Искрено, колку и да е смешно, до ден денес имам некој полу-мајчински однос и према сестра ми која е само две и пол години помала од мене, но за мене секогаш ќе биде мојата помала сестричка на која и ѕвонам на 15 минути кога патува и ми се лути што дигам паника и ја барам по другарки кога не ми крева телефон“, изјави Каролина.

Таа во неколку наврати има зборувано и дека многу сака да патува, но сега поради пандемијата не е во можност, како и повеќето луѓе.

Каролина на своето Инста стори ѝ честиташе роденден на блиска пријателка со која како што напиша има многу спомени.

Во состав на честитката е и еден колаж од фотографии кој го прикажува нејзиното дружење со пријателката на кои Каролина е на едно од нејзините егзотични патувања, а на едната слика Каролина е во бикини. Таа ретко споделува такви фотки, но како и секогаш одлично изгледа.

Фото: Каролина Гочева- Инстаграм

Претходна статијаСе откажал од Лондон за да живее во Маврово и сега има одличен бизнис на Бистра: Македонецот Влатко Томовски е пример за вреден и упорен човек
Следна статијаОгнен Здравковски го истетовира ликот на Џорлев: Вујче мој ќе живееш секогаш со мене