Џамбазов утрово упати силна порака до Ива од Хрватска

0

Тлото во Хрватска никако да се смири, а регионот кај Сисак и Петриње повторно не мирува, па жителите на овие градови и понатаму немаат мира.

Принтскрин Јутјуб

Ситуацијата е тешка во овие делови, а помош пристига од сите страни. Голем број волонтери се на терен и помагаат. А имаше и понатаму има и од Македонија.

Принтскрин Јутјуб

Меѓу првите беше Александар Горгиевски, поранешен пожарникар од Штип кој беше во Петриње и асистираше на тамошните волонтери во справување со ситуацијата.

Таков е и примерот со Александар (27) и Мартин (23) Маневски од велешко Башино Село, кои работат во местото Лошињ на истоимениот хрватски остров во Кварнерскиот Залив.

Принтскрин Јутјуб

Тие наместо да заминат дома за Нова година и Божиќ, одлучија да бидат во Петриња и да помагаат во градот и на жителите..

Заминале со 20-тина пријатели од градот Лошињ, работеле на уредување стан и да ги санираат неговите кровови, каде сега веќе се сместени две фамилии со мали деца.

Принтскрин Инстаграм

Пораки со поддршка за тамошните жители пристигаат од сите страни, а многу Македонци, како од државниор врв, приватните фирми и поединци веќе пратија и помош за Хрватска.

Принтскрин Инстаграм

Познатиот македонски шоумен, глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец, Игор Џамбазов ова утро беше особено емотивен.

Принтскрин Јутјуб

Како и секогаш Џамбазов беше уникатен и со својот пост предизвик емоции кај многумина откако објави фотка со девојче од Хрватска и притоа даде опис за што станува збор

Принтскрин Јутјуб

-Дечки, ова е мојата драга Ива Радељевиќ вљубеникот во Македонија, нејзината историја и култура, а особено во нашиот македонски јазик, кој го совлада во рекордно време, и го зборува поарно од многумина кои се родени овде.

Принтскрин Јутјуб

Таа живее во Лекеник, Хрватска, на само 15 километри од Петриње, каде што земјотресите беа не милосрдни. Темелите на нејзиниот дом полека попуштаат од стотиците потреси во таа област.

Принтскрин Јутјуб

Мила Ива, моите следачи и јас ти посакуваме да бидеш кул, каква што инаку и си. Лошото ќе помине, спокојот ќе се врати, твојата љубов кон Македонија ќе остане, исто како и нашата љубов кон тебе. Таа е безгранична…

Претходна статија(ФОТО) Лила се покажа како добра домаќинка – Зоки Фаци се пофали како го пречакала
Следна статијаИмал нормален живот, но преку ноќ останал на улица: Младиот Алберт проговори низ што поминал