Згодната и атрактивна водителка Здравкица Билбиловска, пред неколку години беше многу актуелна во повеќе ТВ емисии, но најмногу се прослави со топ листата на некогашната „Скај нет“ телевизија, а потоа ја водеше и емисијата „Мојата свадба“.
Здравкица до пред неколку години беше дел од екипата на „Метрополис“ радио со своја радио емисија. Немаше промоција, концерт, фестивал или естраден настан да помине без неа.
Откако се омажи, Здравкица комплетно се повлече од домашните медиуми.
Нејзиниот сопруг Воислав е од Србија, а Здравкица неколку години живееше таму. Нејзината ќерка Маша е второ одделение, а Здравкица во моментов живее во Скопје со ќерката.
Откако и таа и сопругот решија да ја напуштат Србија, Здравкица, која сега се презива Милиќ се врати дома со ќерката, а сопругот работи во една европска земја.
Едно време, се зборуваше дека популарната водителка се разведува, но таа гласините ги демантираше со тоа што објавуваше слики со него.
Сега, работи во една државна институција. Со сопругот не живее веќе, но само привремено, додека патиштата не им се вкрстат на исто место.
Летово, таа со сопругот и со ќерката одмараше во Охрид и во Мостар, а сега им се врати на редовните обврски во Скопје.
Таа и сега изгледа одлично, исто како во времето кога беше популатна на ТВ.