Доктор Сашо со неповолна вест за еден од пациентите што прими орган од Емилија

0

Министерот Венко Филипче, како што е познато вчера објави дека за првпат се сретнал со семејството на донорот, Емилија Динева и при тоа изјави:

Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти.

Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа.

Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство.

Филипче пред три дена информираше за пациентите на кои и беше трансплантиран бубрег:

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од по чинат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези. Имаме добри лекари кои се грижат за нивното здравје.

Уште еднаш изразувам најдлабока почит на семејството на Емилија Динева кои ги донираа органите и спасија три човечки животи. На пациентите им посакувам побрзо закрепнување, тие добија шанса за нов живот.

Кај еден од двајцата пациенти е отфрлен пресадениот бубрег, потврди за „Утрински бифинг“ д-р Сашо Дохчев.

За жал вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме. За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во кр вта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата и таа е добро.

Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот беше помалку вреден.

Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

Претходна статијаГрците ќе сторат многу за да привлечат туристи: Познато на што ќе се намалат цените
Следна статијаСамо еден континент се спаси од Корона вирусот – познато како и успеа тоа