Грците ќе сторат многу за да привлечат туристи: Познато на што ќе се намалат цените

0

Грција ќе им овозможи на патниците од околу 20 земји, вклучително и Германија, Кипар и Израел, да влезат од средината на јуни, а нивните граѓани нема да мора да бидат ставени во карантин, откриваат владини извори, нагласувајќи дека се очекуваат првите туристи токму од тие три земји.

Туризмот учествува со околу 20 проценти од грчката економија и владата го смета овој сектор како главен двигател на закрепнувањето по изолацијата.

„Ќе можат да дојдат граѓани од 20 до 25 земји“, открива извор од владата, додавајќи дека Германија, Кипар, Израел и други европски и балкански земји се на списокот.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Германците ќе можат да ја посетат Грција од 15 јуни. Меѓународните летови за Солун ќе продолжат на истиот датум, две недели порано од планираното.

Граѓаните на ЕУ – со исклучок на Италија, Шпанија и Холандија – моментално можат да летаат кон Атина, но мора да бидат ставени 14 дена во карантин.

Грција најавува воведување на бројни придобивки, како што се поевтини летови до земјата, ферибот и автобуски билети, со цел да ги охрабри туристите да се вратат ова лето.

Откако владата објави дека туристичката сезона во земјата официјално се отвора на 15 јуни, Грција објави дека ќе им понуди на туристите поповолни билети за авионски летови на територијата на земјата, фериботи, автобуси.

Покрај тоа, безалкохолните пијалоци, кафето, па дури и кино на отворено ќе бидат поприфатливи во однос на минатата година.

Туристичката сезона ќе започне на 15 јуни, кога сезонските хотели ќе можат да се отворат. И од 1 јули, директните меѓународни летови постепено ќе започнат да патуваат кон нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето пред народот.

За потсетување отворањето на странскиот туризам во Грција се планира да се случи во две фази, почнувајќи од понеделник, 15 јуни, со пуштање во работа на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Претходна статијаСе огласи мајката на Моника за Галама: Ние како родители никогаш не се откажавме од неа
Следна статијаДоктор Сашо со неповолна вест за еден од пациентите што прими орган од Емилија