Актерот Сашо Тасевски повторно се огласи на својот профил на фејсбук и напиша:
Уште сум шокиран од писаниено на професорот Денко. Шокиран од издржливоста 60 години лажно да се претставува и одеднаш да му текне, дека сме сшт народ со Бугарите, зашто Њујорк тајмс некогаш пишал, Илинденското било бугарски бунт. Њујорк тајмс кога пише и поп што ќе отпее тоа е, а професоре.
Македонците си ја фризирале историјата, ама Њујорк тајмс никогаш не лаже како дневен весник? И многу е независен? Така?
Професоре Денко, како ова не го кажа кога твојот почитуван татко беше југословенски амбасадор во Етиопија мислам. Да го кажеше ова, немаше галиба да биде амбасадор, ниту ќе ги уживавте привилегиите на таа држава.
Напротив. Каде беше истово да го кажеш минативе триесет години, рецимо кога беше министер за надворешни? Ниту пак во твоите книги, кои сум ги прочитал, Бебето од катран и не ми текнува на насловот на втората, пишува дека сме ист народ со Бугарите.
Што вака наеднаш ти текна на својот “блгарски праисход?”
Не ти пречи што оние меѓу нас кои немаат баба Бугарка ги нарекуваш Бугари или лажговци што си ја измислиле историјата? Бугарите галиба, цвечки за мирисање? Ние сме лажговците, така?
Твојата субјективна вистина за твоето потекло може не одговара на мојата. Ти текнува?
Не можам поинаку да го разберам твојот став освен како напад на совеста од децениите минати во криење за тоа како си се чувствувал длабоко во себе. Сега само ти се погоди времето тоа гласно да го кажеш. Луѓе, Бугарин сум, алелуја!
Е па професоре, ти можеби си тоа, ама јас не сум!
Затоа да си знаеш, навреди многу твои сограѓани, поточно го навреди секој што се чувствува само како Македонец.
И немој да се вадиш на лупинзите во својот текст, за да ја ублажиш твојата поента и мотивот да го напишеш истиот. Те прочитав точно. Разочаран сум од тебе. Искрено.