Филипче најави кога би бил крајот на епидемијата со корона вирусот: Oваа недела, но и почетокот на следната ќе бидат важни

0

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги соопшти најновите информации поврзани со корона вирусот.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија. Апелирам до сите граѓани да се почитуваат без исклучок. Да го заштитиме сопственото и јавното здравје.

Полицискиот час останува и по првомајскиот викенд. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека е рано да се зборува за целосно укинување на рестрикцијата за движење.

Според него, и натаму се анализира колку заболени има во одредени региони, пред да се донесат нови мерки или да се укине некоја од постоечките. Филипче вели дека не може да се каже што би препорачала Комисијата за заразни болести по првомајскиот викенд, бидејќи во моментов се следи и дали носењето заштитна опрема ќе придонесе да се намалува бројот на заболени со вирусот.

„Имаме некои проекции за тоа кога би бил крајот на епидемијата, ако бројките продолжат вака. До крајот на оваа недела, но и почетокот на следната ќе биде важна за тоа какви ќе бидат препораките за понатаму. Засега, полицискиот час апсолутно останува. Премногу е рано да се зборува за тоа“, рече Филипче.

Тој посочи дека досега не е евидентирано поскапување на маските за заштита од коронавирусот, но и дека можат да се носат марами или шалови. Но, тој ќе побара инспекторатите повторно да направат проверки во аптеките.

„Сосема доволна е прекривка како шамија, марама или форма на шал. Не мора задолжително да биде хируршка маска. За целта да се постигне, затоа ги дадовме сите алтернативи и во Уредбата.

Сите материјали спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето, посебно на дистанца помала од 2 метрa. Во болничките установи важат други правила, но во маркети, пошти итн., марамите и шамиите имаат доволен ефект. Немам информација дека има зголемени цени на маските, но ќе сигнализирам да се направи проверка“, даде Филипче.

Претходна статијаСашо Тасевски: Уште сум шокиран од писаниено на професорот Денко, иксрено разочаран сум од тебе
Следна статијаЗаборавете на летање за џабе: Патувањето со авион за 20, 30 евра ќе биде минато