Билјана откри како се заразила со Корона и предупреди други де не ја направат истата грешка

0

Коронавирус и после неколку месеци се уште ги збунува научниците која очајно бараат начин за справување со пандемијата. Збунети се и лекарите кои се во првите борбени редови очајно барајки начин како да ги спасат своите пациенти чиј животи згаснуваат во голем број пред нивните очи.

Докторот задолжена за интензивна нега на интервентно одделение, Камерон Кајл-Сајдел проговори на Јутуб за она со кое се соочуваат лекарите во Њујорк. Тој вели дека ја лечиме погрешната болест. Пациентите не умираат од пневмонија туку од недостаток на кислород предизвикан од коронавирусот.

Наместо од ARDS, односно откажување на белите дробови поради мускули кои што од замор повеќе не можат да ја извршуваат својата работа и пациенти на кои што им е потребен вентилатор кој што ќе ја обавува работата која телото не може да ја заврши, пациентите умираат од недостаток на кислород.

Доктор Сајдел вели дека пациентите се гушат и поплавуваат доколку им се острани поддршката со кислород и како за пример тој вели дека тоа би се случило доколку човек без соодветна аклиматизација е однесен на некој од највисоките врвови во светот каде количината на кислород во воздухот е помала.

Српската писателка и професорка Билјана Србљановиќ во синоќешната отворена програма на една тамошна телевизија објасни како се заразила со коронавирусот.

-Јас евтино поминав, се лекував дома и се провлеков добро. Првиот пост дека сум заразена јас го објавив со голем гнев. Не ги послушав препораките на докторот Несторовиќ да го прифатам вирусот сериозно.

Работам со млади луѓе и морав потоа сите нив да ги убедувам дека вирусот не е смешен и дека е многу опасен. А претходно ние мислевме дека сме отпорни на короната и дека таа не ни може ништо – вели Билјана и додава:

– Одевме за Нови Сад, требаше да се прави споменик на Зоран Ѓинѓиќ. Застанавме на една бензинска пумпа колегата и јас. Купив шише вода и му го дадов да ми го отвори. Јас имав ракавици, тој не. Го отвори со голи раце и ми го даде без капаче. После тоа тој доби висока температура. Ова го анализирав, и според мене, тоа е единствениот момент кога можев да се заразам – изјави Србљановиќ.

Таа ги објасни и симптомите на болеста.

-Првите три дена ми беа како во магла, имав само температура која се покачуваше, па се стабилизираше. Ја следев состојбата на мојот колега со кој патував за Нови Сад и кој после тоа беше 15 дена во кома.

Кога него му се влошуваше состојбата, ми се покачуваше и мене температурата, но на никого не му пријавив. Психички оздравев дури кога него го симнаа од респиратор и го разбудија од кома, тогаш плачев и ми беше многу полесно – објасно Билјана Србљановиќ.

Претходна статијаДржавниот врв пред самоизолација: На листата Спасовски, Османи, Филипче и Адеми
Следна статијаВеличковска: Не заслуживме да бидеме оставени на цедило кога баравме засилени мерки и помош од државата