Државниот врв пред самоизолација: На листата Спасовски, Османи, Филипче и Адеми

0

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е заразен со корона вирусот, информација што лично ја сподели:

Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас.

Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.

Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа!, напиша градоначалникот на фејсбук.

Вчера претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева.

Премиерот Спасовски и вицепремиерот Османи присуствуваа на Општинскиот кризен штаб, на кој од страна на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и останатите претставници на локалната власт беа информирани за мерките и препораките кои се преземаат во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Спасовски истакна дека врз основа на добиените информации на состанокот се разгледувани сите опции, со цел да се спроведат потребните мерките кои ќе доведат до побрзо и поуспешно надминување на оваа криза.

„Ние како Влада навремено, пред многу држави во регионот воспоставивме мерки за превентива и заштита, кои даваат резултати. Ќе направиме сè што треба да помогнеме да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните, бидејќи тоа е наш врвен приоритет. Исто така ќе направиме сè што треба да и помогнеме на економијата, на работниците и работодавачите, со цел сите да ја преживееме оваа криза“, истакна премиерот Спасовски.

Од фотографиите се гледа дека во присуство на нив бил и Максими Димитиев со што би можело и дел од државниот врв да е потенцијално заразен од Корона вирусот.

Претходна статијаМаксим Димитриевски има Коронa: Веднаш се огласи првиот човек на Општина Куманово
Следна статијаБилјана откри како се заразила со Корона и предупреди други де не ја направат истата грешка