Слаткар стана татко: Откри како ќе се вика синот кој доби необично име

0

Марко Маринковиќ, Слаткар познат под сценското име Слаткаристика започнал со своите музички креации кога имал 12 години.

На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата “Единствена опција”, а во 2004 година го издадоа албумот “Рап Тврдина”.

Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп-екипажот “Токсикологија”.

Во мај 2009 година потпиша договор со продукција Јованов рекордс и го издаде својот прв соло албум под наслов “Слаткаристика Будало”, кој постигна значителни успеси со песните “Шопинг”, “ФМ”, “Да полетам” и “Топ”. ..најава на револуцијата на хип-хоп во Македонија.

Исто така имаше свои концерти во Охридско-Античкиот театар, Дом на култура-Штип и Струмица, Спортска сала “Младост” – Битола и Метрополис арена-Скопје. Во мај 2010 година беше издаден ДВД со неговиот голем концерт во Арената Метрополис во Скопје.

Во 2011 година ги објави синглите “Класика” и “Екстра, екстра”. Во 2012 извади нов албум кои постигна многу гледаност, Олабави ме, Сара, Разговор со совеста, Бум Бам и други. Во 2015 направи неколку хитови- “Бумеранг” и “Дими Џам”.

Во 2016 излезе една од неговите најслушани песни “Тик Так” која има 10.000.000 прегледи.Исто така излезе и песната Кажи Да која исто така стана хит. Во 2017 излезе песната која беше слушана низ цела македонија и која има скоро 13.000.000 прегледи- Терориста.

Веднаш по Терориста ја извади песната Мани – Money. Во 2018 направил неколку песни, од кои се Луда Романтика во ,арт, Отворено Писмо во септември и неговата најнова песна Амстердам која што излезе во ноември. Во 2019 година направи низа проекти со “Урбан Рекордс” како што се песните “Дијаманти” со Два Бона) и “Марадона” со Таско. Исто така тој го создаде првиот македонско-грчки музички проект наречен “Мариа”.

Познатиот рапер Марко Маринковиќ- Слаткаристика, на својот профил на Фејсбук сподели дека стана татко, во негов стил.

– Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте- напиша пејачот, под фотографијата со неговата сопруга Сања.

Името Моша води потекло од името Мојсеј, веројатно станува збор за кратенка на името на овој египетски бог, додека „mosis“ е нешто како „син“, познат во Библијата како водец на Израелците. Значење на името:извлечен, изваден, спасен од водата.

Претходна статија(ВИДЕО) Прв пациент излечен со нов метод: Босанец по 10 дена во кома се избори со Корона вирусот
Следна статија(ВИДЕО) Македонски доктори со песна против Корона: Кога ќе ме прашаат како издржувам, еве вака