(ВИДЕО) Македонски доктори со песна против Корона: Кога ќе ме прашаат како издржувам, еве вака

0

Едно по чинато лице и 66 новозаразени е денешниот биланс на Министерството за здравство во врска со Ковид-19 состојбата во земјава.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентка починала пред два дена во градската болница “8-ми септември”, но позитивниот брис на корона стигнал денеска. Жената имала 76 години и и била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.

Новоинфицираните се добиени од 500 извршени тестови во изминатото деноноќие. Најмногу се во Куманово – 27 лица, а главниот град бележи нови 10 заразени. По пет се од Тетово и од Охрид, четири случаи има во Прилеп и во Струга, три во Штип и во Кочани, двајца инфицирани се од Велес и од Неготино и еден е од Гостивар.

Вкупната бројка на заразени сега изнесува 974, а кај 45 лица досега како причина за смрт е заведен корона вирусот.

Во изминатите 24 часа се регистрирани и 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекувале во домашни услови.

Со потешка клиничка слика низ болниците во Македонија се 34 лица, кои добиваат кислородна поддршка или се наоѓаат на механичка вентилација.

Еден инфектолог и една медицинска сестра од хируршка сала на Одделението за ортопедија се позитивни на коронавирус, со што бројката на заразени здравствени работници во штипската Клиничка болница се искачи на шест. Случај со пациент на кого му требало итна операција на ортопедија од минатиот петок во самоизолација смести четворица здравствени работници, а една сестра е позитивна.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека епидемиологот направил епидемиолошка анкета со вработените во овој оддел, по што од страна на болницата се преземени мерки.

Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека деновиве на Инфективното одделение работата ќе се нормализира, со враќање на 10 здарвствени работници.

Денис Јанкуловски, вработен во Центарот за јавно здравје-Скопје, на социјалните мрежи сподели интересно видео со свој колега, додека двајцата патуваат до работното место.

Лекарите и медицинските сетри, но и целиот медициснки персонал ширум светот собираат аплаузи и благодарност од луѓето што во овие тешки моменти не се откажуваат, туку се во првите редови на одбрана од Корона вирусот.

„Кога ќе ме прашаат како издржувам. Е, вака! Дуо Коронабастерс космонаути се спрема за Јуровижн“, напиша тој под објавата.

Кога ќе ме прашаат како издржувам….е вака 😀Gordana Mirocevik Дуо Coronabusters космонаути се спрема за Јуровижн 😜🤣

Публикувахте от Denis Jankulovski в Сряда, 15 април 2020 г.

Да сте здрави и живи херои наши. Бог да ве крепи и да помине ова лу дило кое ни предизвика многу напријатности но и не сплоти во хуманоста.

Претходна статијаСлаткар стана татко: Откри како ќе се вика синот кој доби необично име
Следна статија(ВИДЕО) Алфа објави снимка како пациент во возило на Брзата помош чека пред инфективно во Охрид