Дац: Не знам што ќе се прави, еве ја едвај се влече

0

Македонски театарски, филмски и телевизиски глумец а сега и пејач Драгас Спасов Дац на својот профил на фејсбук напиша:

Карантин. На мене и жена ми многу ни е убаво, ние не го ни осеќаме полицискиот час. Не излегуваме од дома и по цел ден си гугуткаме, многу се сакаме.

Еднаш излегов на кратко и клучот нешто се заглави, па ја кршев вратата да влезам. Од тогаш не излегуваме од дома, се придржуваме на препораките за карантин.

Таа сабајлево ми донесе кафе во кревет ама некако ми беше страв да го испијам. Во последно време сум станат многу напнат, осетлив и плашлив. Слушам чудни шумови, како оштрење ножеви и тивки чекори.

Постојано сум на штрек. А порано не се плашев. Поточно стравот почна од кога и дадов на жена ми печурки што и ги набрав па се скина од повраќање.

Два дена не стануваше од кревет. Мислам дека во куќава имаме духови. Пред некој ден до кадата имаше вклучен фен во струја, и ако не го видов ќе загинев 100%.

После вечерта, замислете, некој ја претепал жена ми. Таа ништо не се сеќава а јас не сум се ни разбудил. Ме разбуди офкање и плачење. Па некој паметен дух, да видиш, ја удрил само еднаш по глава за да ја онесвести и после фино-лепо си ја мавал во стомак, за да не се познава ќутекот.

Кога се јавивме во шолиција, толку многу бевме хаотични и викавме во еден глас, што полицаецот ни спушти слушалка. Не знам што ќе се прави, еве ја едвај се влече ама прави ручек и чудно и сјае едното око.

Јас цело време се мотам околу неа за да и помогнам и да не згреши нешто при готвењето, зашто едното око и е затворено, ама она ме брка. Колку повеќе ме брка, толку повеќе не сум гладен. Понекогаш ќе се насмее чудно и кога ќе ја прашам зошто се смее, ми вели и текнало нешто од кога била мала.

КарантинНа мене и жена ми многу ни е убаво, ние не го ни осеќаме полицискиот час. Не излегуваме од дома и по цел ден…

Публикувахте от Dragan Spasov Dac в Вторник, 7 април 2020 г.

Башка ме нуди цело време со ракија, а ова ми е најсомнително. Јас се правам дека пијам и цело време ја истурам по цвеќињата.

Морам да останам трезен за да го фатам духот, зошто сигурен сум 100% дека и вечерва ќе дојде да ја тепа. Ама како што ми се гледа пак нема да го осетам. ДСД

Претходна статијаФилипче вечерва го потврди она со што Вело Марковски пред две седмици ја разбранува јавноста
Следна статијаГерманија: За вакцината против Корона ќе почекаме, но лекот ќе дојде многу побрзо