Во Србија во изминатите 24 часа, зголемен е бројот на тестирани со 1.192 лица, од кои регистрирани се 292 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 2.200 лица.
Досега вкупно се хоспитализирани 1.197 пациенти, од кои 101 лице се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Кон.
Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес изнесува 8.552 лица, од кои заразени со коронавирус се 2.200 лица.
На прес конференцијата беше повторено дека епидемијата нема граници и не бира, така што по случајот со породилиштето ГАК Народен фронт во Белград со 48 заразени од вработените и 75 кои се во карантин, денес и на Инситутот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“од вработените позитивни на вирусот биле 67 лица од кои 11 се лекари, како и 9 пациенти.
Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ.
Таа вели дека ќе бидат користени антитела од крвта на луѓе коишто се излечиле и ќе им биде давана трансфузија на заболените.
„Следното нешто на што одиме е плазма терапија. Ќе земаме крв од луѓе кои се излечиле и имаат антитела и ќе им трансфусираме на луѓе кои се болни. Тоа ќе се случи за десетина дена, кога поминува 21. ден од првоизлечениот“, вели Брнабиќ.
Таа изјави дека Србија ќе почне со производство на тестови за антитела со цел да добие информации за нивото на отпорност на населението.
„Ќе направиме банка на плазма за подготвени да ја дочекаме есента или зимата, или кој било друг напад на епидемија“, додаде Брнабиќ.
На Белградскиот саем каде се сместени пациентите со поблаги симптоми на коронавирус, според снимките, владее весела атмосфера.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео од Саемот на кое се гледа како пациентите се веселат со алкохол и фолк музика.
Инаку, ова не е прва снимка од Белградскиот саем на која се гледа дека пациентите се забавуваат. Неодамна тие имаа пиџама -парти со песна и смеење.