Премиерот на соедна Бугарија, Бојко Борисов откри дека добил барање за помош од нашата држава и најави дека позитивно ќе одговорат
Должни сме да им помогнеме на браќата во Македонија. Тоа значи братски народи, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов во контекст на ширењето на коронавирусот.
Борисов, како што јавува БГНЕС, изјавил дека „денеска му се јавил македонскиот премиер и побарал помош“.
„Ние треба да мислиме и за тоа, како да им помогнеме“, рекол Борисов.
Тој појаснил дека цели сектори се преструктуираат за производство на маски и заштитна облека.
Претседателот на Бугарија Румен Радев стави делумно вето на Законот за мерки и дејства за спречување на ширењето на коронавирусот кој претходно го усвои бугарското собрание на 20 март. Радев рече дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се крајно рестриктивни, а во оние за помош за економијата има недостатоци.
„Гладот ќе надвладее над стравот“, рече Радев.
Меѓу мерките со кои претседателот не се согласува е дозволата на властите да ги следат мобилните телефони на граѓаните за да се осигураат дека тие го почитуваат карантинот. До денеска во Бугарија има 171 заболен од коронавирус, а три лица досега починаа.