Прва човечка загуба од Корона во Македонија

0

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис.

Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

„За жал ја имаме првата човечка жртва. Станува збор за 57 годишна жена од Куманово која прво беше тестирана на два наврати и резултатите покажаа негативни резултат. Но откако била хоспитализирана и и се влошила состојбата.

Откако починала повторно било земен брис и е констатиран корона вирусот. Позитивен е и нејзиниот син кој има 33 години и истиот е веќе во болница за инфективни болести.“, изјави Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Претходна статијаСЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: ПРЕС на Министерот за здравство Венко Филипче
Следна статијаПутин пушти авион со доктори и опрема кон Италија