Ацо Кабранов: Дали техничката Влада функционира како раштиман оркестар

0

По прес-конференцијата на техничкиот министер Оливер Спасовски со реакција на фејсбук се јави новинарот Ацо Кабранов:

„Премиерот Спасовски прогласува полициски час, позади него вицепремиерт Османи и министерот за здравство Филипче. Го нема со нив министерот Чулев, а се прогласува полициски час. А да, МВР посебно информирала.

Ќе објаснат ли на граѓаните кои ги повикуваат на соработка и свест за здравјето и зачувување на нацијата во битката со коронавирусот дали техничката Влада функционира како РАСШТИМАН оркестар во вонредна состојба заради партиски препукуванја..“, праша Кабранов на својот фејсбук профил.

А министерот Чулев на својот фејсбук профил објави за полицискиот час.

„Здравјето и животот на граѓаните се најважни. Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за преземање мерки со кои ќе го овозможиме тоа. Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка на владата, а Министерството за внатрешни работи ќе презема мерки за нејзино спроведување“, објави министерот на официјалниот профил.

Претходна статијаВо Србија пристига помош од сите страни: Вучиќ вети поддршка за соседните држави
Следна статијаНа Македонци им бил организиран лет но неќеле да се качат кога им било кажано деке им следи карантин