Светот се соочува со можеби најголемиот предизвик од своето постоење, до сега. Затворени е училиштата, факултетите, градинките. Местата за јавни собири, кафеаните, рестораните, баровите.
Апелите се дека мора да се седи дома, за да се избегне она што и се случи на Италија. Тие не ги почитуваа препораките и вирусот им излезе од контрола. Сега видоа дека нема шега, но очигледно доцна. Сега ќе им треба многу повеќе време од останатите, за да се вратат во нормала.
Голем број земји во светот им наредија на своите граѓани да останат во самоизолација поради коронавирусот и да настојуваат што помалку да излегуваат од дома.
Исто така, се препорачува сите да се придржуваат кон упатствата кои ги издаде Светската здравствена организација за да се намали опасноста од заразата.
На Интернет набрзо започнаа да кружат разни фотографии чија цел е да се поттикнат луѓето на поголема одговорност, да ги послушаат советите за да се заштитат себеси и другите.
Ова е една од таквите фотографии која на најдобар начин го опишува она – зошто е вашно да се чувате од корона вирусот.
Фотографијата која беше објавена на Редит прикажува чкорчиња од кибрит наредени едно до друго. Првите седум чкорчиња се изгорени во оган кој се проширил едно на друго, а осмото чкорче го спречило ширењето на огнот врз преостанатите шест чкорчиња во низата.
Осмото чкорче го спречило проширувањето на огнот бидејќи се повлекло, односно се самоизолирало.
“Оној кој седи настрана, ќе ги спаси останатите” пишува во описот на фотографијата која за многу кратко време стана вирална.