Што треба да правите ако сте пушач, ако имате астма, дијабетес или висок крвен притисок. Направете сè што е во ваша можност, а ова се препораките.
Никој не е отпорен на коронавирусот, но лицата кои имаат потешка здравствена состојба можат да бидат во ризична група и да развијат сериозни симптоми.
Препоставуваме дека доколку припаѓате во оваа ризична група, чувствувате поголем страв од останатите, што е многу реално, па затоа, ви откриваме неколку совети што ги препорачуваат експертите за тоа како треба да се однесувате.
Кој спаѓа во ризична група? Поради одредени здравствени состојби можете многу полесно да се заразите со корона вирусот, кој предизвикува респираторни болести.
Постарите лица кои имаат послаб имунитет, оние со хронични болести како астма, дијабетес и срцево заболени се ризична група.
Што ако имате астма? Секогаш близу вас имајте пумпица со лек и користете ја онака како што ви ја препишал лекарот, бидејќи на тој начин ќе го намалите нападот на астма како последица на респираторниот вирус. Ако астмата се влошува, користете ја пумпицата, а ако симптомите се сè полоши и полоши, задолжително јавете се на лекар.
Дали сите лица што се постари од 65 години треба да одат во самоизолација?Препорака од надлежните е сите да одат во самоизолација, особено ризичната група.
Ако во семејството имате постаро лице, задолжително проверувајте го телефонски или по некој друг сигурен пат. Одбегнувајте да ги посетувате постарите лица, бидејќи иако се чувствувате добро, можеби токму вие може да им го пренесете вирусот. Особено не ги носете децата кај нив.
Што ако имате некоја од хроничните болести? Лицата кои патат од одредени потешки тегоби како висок крвен притисок или ослабен имунитет, имаат поголеми шанси да развијат сериозни симптоми поради зараза со корона вирус.
Ако припаѓате во групата кои се чувствителни на настинки и грип, исто така, важно е да преземете одредени чекори за да го намалите ризикот од зараза.
Ако се јавуваат симптоми како кашлица или температура, останете дома, а доколку не ви поминува неколку дена, тогаш веднаш јавете му се на лекарот.
Што ако имате дијабетес? Лицата кои имаат дијабетес тип 1 или тип 2 може да развијат сериозни симптоми ако дојдат во контакт со корона вирусот.
“Корона вирусот може да предизвика компликации кај лицата со дојабетес, па доколку имате симптоми како кашлица, висока температура или потешкотии со дишењето, мора постојано да го следите нивото на шеќер во крвта” – вели д-р Дан Ховаер, началник на одделението за дијабетес во Англија.
Треба да останете дома неколку денови и редовно да ги земате лековите. Немојте да одите во аптека или болница. Секако, ако симптомите се влошуваат, веднаш контактирајте го лекарот.
Дали бремените жени се ризична група? Не постојат докази дека трудниците припаѓаат во ризична група. Сепак, би требало да се преземат сите мерки за заштита, за да се спречи контакт со вирусот.
Што е со пушачите? Шефот на одделението за јавно здравје во Англија, Дебора Арнот, советува дека оние кои пушат многу цигари, треба да ги намалат или да ги прекинат, за да ги намалат шансите за развој на сериозни симптоми.
“Пушачите може да развијат тешки симптоми и подложни се на развој на тешки респираторни заболувања” – вели д-р Арнот и советува дека престанокот на пушењето е одлично за заштита на здравјето, а моментната состојба е таква што за секого треба да биде дополнителен мотив.
Треба ли да се продолжи со постојаната терапија? Дури и ако не се чувствувате добро, лековите кои ги користите мора и натаму да ги земате и да не ги прекинувате. Ако ви се потрошиле лековите, замолете некој од семејството или од пријателите да ви купат и донесат, а вие останете дома.