Што ќе каже на ова Борко Ристовски – неговата сопруга објави фотка со која алудира дека детето личи на неа

0

Борко Ристовски неодамна се врати во МАкедонија и најави дека кариерата ја продолжува во скоспки Вардар, сега, кога на клубот му е најтешко.

Тој исто така заплови и во политичките води, во партијата ВМРО-ДПМНЕ. Сепак и покрај тоа што многумина очекуваа, тој не се најде на партиските листи за престојните избори, кои партијата вчера ги објави.

Сопругата на Борко Ристовски, Нина објави стара фотографија од детството и покажа дека синчето е копија на мама

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски и неговата сопруга, убавата кумановка Николина во 2018 година станаа за прв пат родители односно нивното семејство се проши за нов член, синот Душан.

Нина и Борко секој слободен момент уживаат во семејната идила и безграничната љубов кон синчето.

Тие не се резеривирани, па на својот „Инстаграм“, Нина често знае да сподели фотографии и да покаже како го поминув времето со семејството.

Меѓутоа, деновиве сопругата на Борко извади фотографија од архива односно од нејзиното детство и истата ја спореди со синот Душан.

Имено, на социјалните мрежи таа објави колаж фотографија од неа како дете и од Душан, па откри дека наследникот е копија на мама. Под објавата се ниежеа коментари дека се исти и дека малиот Душан личи на мама.

За потсетување, Борко и Нина во јануари 2018 година склопија граѓански брак и запливаа во брачните води, а во 2019 година направија свадбена веселба во еден познат скопски хотел.

Останува да видиме, дали тато Борко ќе се согласи со оваа констатација на неговата сопруга, дека неговиот наследник личи повеќе на мама.

Извор: Вистина

Претходна статијаСе стеснува обрачот – уште потешко за Македонците кои сакаат да се вратат од Италија
Следна статијаТрајче од Штип за полицаецот сосед: Ми вели дека никој ништо не му може