Се сеќавате ли на Симон Поликарп, алијас Џими? Тој од Нигерија, голема африканска земја со 150 милиони жители, дошол есента 1977 година заедно со уште 1.500 млади Нигеријци да учат во средните училишта во тогашна Југославија.
Од нив, 60 биле во Македонија, 42 се запишале текстилно училиште во Штип, а 18, меѓу кои и Џими, рударско во Пробиштип. По матурирањето, сите се вратиле и останале во Нигерија, освен Џими.
Во Нигерија, во родната Јола, град со речиси два милиона жители, каде што му се тројцата браќа и трите сестри, се вратил само на една година, првата по матурирањето, да ги одработи задолжителните 12 месеци како владин стипендист.
Потоа се враќа и засекогаш останува во Штип. Се запишал на Рударско-геолошкиот факултет, но на струката никогаш не работел. Прво држеше кафуле, па изнајми ресторан, а од 1999 година е во „Галилеј“.
Оженет е со скопјанката Билјана, со која има два сина. Прекарот Џими го добил уште првата година во Пробиштип кога најчесто бил облечен во маица со името и ликот на неговиот омилен реге-пејач Џими Kлиф од Јамајка, кој многу личел на него, па соучениците мислеле дека самиот си ги отпечатил името и ликот на маицата и го завикале Џими.
Пред пет години многу се пишуваше и за неговата сонародничка, Нигеријката Блесинг Очуку која пак, доаѓа од Абуџа, главниот град на Нигерија, каде што има три сестри и двајца браќа. И таа е нигериски владин стипендист, а дополнителна финансиска поддршка за студирањето добива и од родителите.
– Имав опции да студирам во Русија и во Македонија. За нас, и рускиот и македонскиот јазик се многу тешки. Се определив за потоплата Македонија. Сакав да одам на медицина, но бидејќи уште добро не сум го совладала македонскиот јазик, решив да студирам англиски јазик, кој во Нигерија е службен. Живеам во студентски дом во центарот на Штип и досега ми е добро – рече тогаш Блесинг.
Така Џими пред пет години доби друштво од својата земја и не беше веќе единствениот Нигериец во земјава. Но, Џими, со текот на годините развил и патриотски чувства кон Македонија.
Деновиве е актуелно видео во кое Џими ги изнесува своите ставови во врска со нашата земја. Тој вели вала: „Јас веќе 20 години правам анализа и дојдов до заклучок дека ние Македонците треба да ја чуваме оваа Македонија!”
Јас веќе 20 години прам анализа и дојдов до заклучок дека , ние Македонците треба да ја чуваме оваа Македонија
Публикувахте от OHRID VEST в Събота, 8 февруари 2020 г.