(ФОТО) Еден куп наши граѓани секој викенд се кај нив, а ти сега ја присвоија Македонија

0

Секој викенд, но и многу често дестинација за одмор на многу Македонци е соседна Бугарија поточно Банско. Местото во кое многу наши граѓани одмараат и ги трошат своите пари.

Ски центарот Банско на својата официјална Facebook страна вчера го честиташе празникот за ослободувањето со објавување на карта на Сан Стефанска Бугарија која ги покрива границите на Македонија.

Честит празник, България!Happy Liberation Day!

Публикувахте от Bansko Winter Resort в Понеделник, 2 март 2020 г.

Банско инаку е град во Пиринска Македонија, денес во Бугарија со 9190 жители, блиску до Разлог. Банско е родното место на Никола Вапцаров. Бугарските историчари тврдат дека Св. Паисиj Хилендарски исто така е родум од тука.

Градот е сместен на источните падини на планината Пирин и во неговата непосредна близина се наоѓа и ски-центарот кој го носи истото име. Во периодот на 1896 година Гоце Делчев учителствувал во Банско, но оттука бил протеран од градските големци поради својата сомнителна револуционерна дејност.

Банско e рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м. Градот е со наjголeма динамика на приватните инвестиции во туристичкиот дел на градовите во Бугарија и имало повеќе от 17 000 легла за туристите во 2010.

Санстефанска Бугариjа — иредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежество на Отоманската Империја со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март – 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманската Империја во 1878.[1] Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.

Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Орфанскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно море, оставајќи го Едрене во Османската империја, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Претходна статијаФилипче објави што ќе треба да прават Македонците кои летаат со Визер
Следна статијаМакедонскиот композитор Сашо се пожали на сивата економија во музиката: Треба итно да бидат тргнати