Македонскиот композитор Сашо се пожали на сивата економија во музиката: Треба итно да бидат тргнати

Маестро Сашо Ливрински во интервју за ИН ТВ отворено зборува за моменталната состојба на музичката сцена. Пред извесен период во студиото на сателитската ИН ТВ во Охрид, гостуваше познатиот виртуоз на хармоника и одличен композитор, Сашо Ливрински.

Меѓудругото, со него поразговаравме и за моменталната состојба на македонската естрада. Еве што истакна тој за гледачите на ИН ТВ.

-Македонската музика секако оди во нагорна линија, имаме одлични композитори кои што сакам да ги споменам, композитори кои што влијаат за модернизирање на македонска музика. Тоа се Дарко Илиевски од ТАНЕЦ и Николче Мицевски-наш познат композитор и аранжер кој што го направи последното цд на Каролина Гочева. Направи еден интересен спој на народни песни во современ аранжман кој што ги пее пејач на забавна музика и допреа до младата публика.

И тоа не само до младата публика, туку и до средновековната и повозрасната публика. Значи тие го најдоа вистинскиот рецепт.-изјави Сашо за естрадниот магазин Естрада плус.

-Пак ќе речам, сивата економија, оние кои што не смеат да се занимаваат воопшто со музика треба под итно да бидат тргнати од ова, затоа што искрено да ви кажам како тргна работава едно време си велам да отидам до кај Жан Митрев да му речам “ Чекај малку, операцијава нема да ја правиш ти, јас ќе ја правам.

„Се знае каква операција можам да направам, човекот нема да се освести претпоставувам. Значи со овој пример сакам да кажам дека секој еден треба да знае каде му е местото.-додава познатиот музичар во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, маестро Ливрински е долги години на македонската естрада. Зад себе има богата ризница со авторски дела, а доста често твори музика и за негови колеги.

Извор: Естрада Плус.

Претходна статија(ФОТО) Еден куп наши граѓани секој викенд се кај нив, а ти сега ја присвоија Македонија
Следна статијаКакво време дојде во Македонија: Пензионерите ќе ја спасуваат работата