Си го оставив мажот за помлад, а тој ме шутна – сега за кај сум

0

Петнаесет години бевме во брак со сопругот. Нашата љубов траеше од средношколските денови. Заедно продолживме и на факултет и прилично млади се зедовме.

Двајцата имавме по 25 години, кога ги завршивме студиите и решивме да се венчаме. Се одеше некако како подмачкано. Родителите ни помогнаа, зедовме и кредит и купувме стан во Карпош.

Си го наместивме по наш вкус и можам да кажам дека нашите роднини и пријатели помалку како да ни завидуваа за тоа што толку млади се средивме.

Но тука почнуваат и проблемите и незадоволството. Знаете, иако бевме долго во врска, околу седум – осум години, сепак, дури откако ќе почнеш да живееш со некого постојано, почнуваш да му ги гледаш и мааните кои дотогаш не си ги гледал.

Друго е кога ќе те земе од дома, ќе излезете дотерани, ќе прошетате низ град и ќе се вратите вечерта секој по дома. Сега ќе речете сте оделе по одмори, сте биле заедно контиунуирано по десетина денови. Да, но не е исто како кога си во брак.

Јас се вработив во едно јавно претпријатие, а Сашо во приватна фирма како марчендајзер. Дрѕгар негов е многу јак, имаат со татко му семеен бизнис за диструбиција и Сашо се вработи кај нив.

Од финансиска страна бевме добро обезбедени. Но љубовта како да почна да гаси. Дополнителен проблем во нашиот брак, стана тоа што не можевме да имаме деца. Првите пет години што не пробавме, кај не бевме, без резултат. Потоа се откажавме.

Сашо почна сè почесто да излегува сам со другари, почна да оди по риба за викенди, а јас бев се поосамена и попразна внатрешно. Како да исчезна љубовта.

Сум читала многу статии, а и сум слушала многумина како кажуваат дека љубовта од мали нозе со еден партнер е осудена на неуспех, но едноставно не можев да верувам дека тоа ќе ни се случи и нас. Сметав дека нашата љубов ќе биде вечна. Но небило така.

Се чини дека моето ,,жарче” догоре, кога на работа примија помлад колега по партиска линија. На почетокот ми беше баш антипатичен со неговата препотенстност, свесен дека е атрактивен дечко, сега веќе во своите доцни триесетти години, неоженет.

Но како одминуваше времето, со својот шарм, успеа да ме натера да размислувам на него. Се случи тоа што се случи при еден викенд, кога бевме од работа на синдикални игри. После свечената вечера со Дејан завршивме во иста соба и така.

Потоа тој се збудале по мене. Почна да ми симнува ѕвезди и да ми кажува дека не може без мене. Секако, почна и да ме убедува да се разведам и да почнеме заеднички живот. Се затрескав и јас и го послушав.

Голем придонес во мојата одлука имаше фактот што со Сашо немавме деца. Го седнав и отворено му кажав дека моите чувства спрема него се ,,спласнати” и дека сакам друг. Сашо прилично мирно го прифати сето тоа и се согласивме на разумен развод.

Се согласувме да му го отстапам станот, за сметка на пари што ќе ми ги даде, па така, тој си остана во станот, а јас отидов кај Дејан. Парите што ги зедов од Сашо ги дадов за да се реновира кај Дејан. Тој живееше со неговите во куќа, па направивме мала доградба.

Но многу брзо, после само неколку месеци Дејан ме изгустира. Почна да ме омаловажува и да ми вика дека сум била стара баба и секакви други зборови. Се обидував да ја смирам ситуацијата, бидејќи бев свесна дека направив грешка, но тој во еден момент ме истера.

Сега сум кај моите, на мои четириесет години. За кај сум сега. Би му се јавила на Сашо и би барала прошка, но не сум сигурна дека тој си нема фатено некоја и мислам дека ќе се понижувам без потреба. А толку убав и смирен живот си имав. Си направив од ништо нешто. Тоа е…

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ФОТО) Татјана Стојановска објави заедничка фотографија и го покажа својот син: Ист како мама
Следна статија(ВИДЕО) Во Штип на ден пред пуштање на новиот мост се направи сефте со чочек и плех музика