(ФОТО) Татјана Стојановска објави заедничка фотографија и го покажа својот син: Ист како мама

0

Татјана Стојановска, која е ТВ презентерка, важи за една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Нашата најдобра и една од најубавите ТВ презентерки беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година. Така всушност и започна нејзината медиумска кариера.

Таа објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година. „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.

Познатата ТВ презентерка Татјана Стојановска неодамна проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.

Инаку, таа беше во брак со фолк пејаот Благоја Грујовски со кого го има синот Матеј.

А, Татјана убава како и секогаш, и тогаш и сега во зрели години, харизматична и неодолива. Девојка на која многу исто така згодни момци и се додворуваа. Но, таа сепак само срамежлива, па присетувајќи се на својата срамежливост, Татјана деновиве отворено ја сподели и со своите пријатели велејќи им:

– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”.

Претходна статија(ВИДЕО) Се огласи пилотот на сред лет: Драг патнику од седиште 29 – твојата жена е бремена
Следна статијаСи го оставив мажот за помлад, а тој ме шутна – сега за кај сум