Сведоштво на носител на Корона директно од болница: Ни на крај на ум не беше, кој за себе би помислил

0

Двајцата браќа близнаци кои пред неколки дена биле во Милано за да гледаат фудбалски натпревар од Лигата на шампионите се првите пациенти заразени со коронавирус во Хрватска.

Тие се заедно во карантин во инфективното одделение во загрепската болница, а едниот од нив во телефонски разговор за Јутарњи лист раскажал како се заразиле и какви се симптомите.

“Ни на крај на ум не беше дека можев да се заразам. Дури и кога се вратив и кога започна да се зборува за ширењето на коронавирусот во Италија не мислев дека сум заразен. Да бидеме искрени, кој за себе би помислил дека баш тој ќе биде прв заразен во својата земја – изјавил првозаразениот кој се разболел по престојот во Италија,

Во понеделникот двајцата требало да одат на работа. Едниот работел од 7, а другиот започнувал подоцна, и затоа спиел подолго.

“ Отидов на работа во понеделникот, како и секој ден. Во канцеларијата имаше околу седум колеги. Беше сосема обичен ден. Околу 12 часот, брат ми мѝ прати порака дека се разбудил со темпретура 37,6 и затоа не отишол на работа – рекол вториот брат.

Во прва момент мислеле дека обична температура, но нивната мајка се загрижила и се јавила кај матичниот лекар кој им дал упат за Заразно. Веднаш биле хоспитализирани прво едни па другиот брат. Луѓето што ги земале биле во заштитни скафандери.

“ Брат ми беше во болница, но и јас почнав чудно да се чувствувам. Топломерот покажа темпрература од 37,4“. Процедурата повторно иста, само сега вториот близнак на пат за Заразно, изјавил вториот носител на коронавирус во Хрватска,

“ Јас за разлика од брат ми чувствувам мали болки во мускулите и зглобовите, но ништо страшно. Максимална температура имав 38, но цел време беше 37 – рече тој кој истакна дека им е многу криво што го пренеле коронавирусот во Хрватска.

Педесет годишна жена од Скопје е првиот потврден случај на корона вируост во Македонија. Жената престојувала еден месец во Италија, вчера се вратила и утринава била хоспитализирана на клиниката за инфективни болести.

Жената била болна две недели пред да дојде во Македонија и била лечена и во Италија, но таму не била тестирана за корона. Во моментов е изолирана на инфективната клиник, свесна е и дише самостојно. Здравствените власти велат дека инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не е претставувала опасност за да ја пренесе болеста.

„Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста.“ – изјави – Венко Филипче – Министер за здравство.

Претходна статијаВаско Ефтов ја откри неговата црвена линија: Тоа е света работа за мене
Следна статијаПожарникарите од Кочани 12 часа без престан херојски се бореа со она што и го направија земјоделците