Васко Ефтов ја откри неговата црвена линија: Тоа е света работа за мене

0

Статус на Васко Ефтов:

Јас мислев и се уште мислам дека сум многу јасен, но никогаш не е вишок усше еднаш јасно да се бетонираат работите. Ако сакав да бидам сорос или гулаш новинар јас ќе бев сорос или гулаш новинар. Но јас не сакам да бидам ниту сорос ниту гулаш новинар. Сакам да бидам Васко Ефтов. Некогаш да правам одлични емисии, некогаш да правам помалку одлични емисии, но да правам емисии во кои јас ВЕРУВАМ, а не емисии кои ке ми ги НАРАЧУВААТ!

Јас ве почитувам и вас кои ми лајкате, и вас кои не ми лајкате но ме гледате, и вас кои само гледате но не коментирате, и вас кои само ми коментирате без да гледате-бидејки се знаете, сите вие сте ми мили. Но многу помили ми се моите ставови.

Јас не сум подготвен да тргувам и да ги продававам моите ставови. Затоа Во Центар оди на јутуб а не на некоја Телевизија. Мој Устав е Референдумот на 30 септември 2018. Тоа е света работа за мене. Секој кој тоа не го почитува не може да ја има мојата доверба и почитуванје.

Дали е тоа Заев или Мицкоски или двајцата заедно за мене е неважно. Јас одбрав да бидам НЕЗАВИСЕН а тоа значи независен и од Мурто и од Курто. Тоа е мојата црвена линија а јас моите црвени линии не ги продавам. Да сте живи и здрави и да се дружиме уште сто години!

Познатиот новинар и уредник Васко Ефтов е екс управител на телевизија Алфа. Ефтов неговата кариера ја има започнато во осумдесетите години како новинар во НИП Нова Македонија.

Во деведесетите ја почнува неговата емисија, која од тогаш па наваму е политичка емисија со најдолг континуитет во Македонија и постојано котира на врвот во рејтинзите на гледаност, на која телевизија и да се емитува.

Претходна статија(ФОТО) Тошо Малерот е навистина малер: Ноќеска фасада од зграда падна врз неговиот автомобил
Следна статијаСведоштво на носител на Корона директно од болница: Ни на крај на ум не беше, кој за себе би помислил