Грег и Мари откако со децении живееле на улиците на Калифорнија, добија понуда од локалниот бизнисмен Тери Макгрет да живеат со него, во неговата куќа вредна 4 милиони долари.
Парот кој едвај спојувал крај со крај, никогаш не можеле ниту да претпостават дека ќе живеат во луксузната населба во Пиедмонт. По една година во целосно различни услови, многу луѓе се прашуваа како заврши оваа приказна.
“Она што ме заинтригира и натера да ги повикам кај мене е љубовта меѓу нив, која успеала да опстане во веројатно една од најсуровите средини во светот”, вели Тери.
Грег работел како обезбедување пред да остане без работа, а Марки работела како касиерка. Во тој период Грег имал 60, а Мари 50 години. Нивната здравствена состојба била лоша. Мекгрет ја видел колумната за нив и му се јавил на новинарот кој ја напишал со желба да им помогне.
Во февруари 2019 година се вселиле кај Тери. Неговите пријатели постојано го прашувале дали му е страв да живее со бездомници. Признава дека не му било лесно да се навикне.
“Тоа ми помогна да се вратам во минатото, бидејќи и јас бев сиромашен. Сакав само да им помогнам и да ја исправам неправдата”, вели тој.
Првите неколку месеци било се во ред, но потоа настанале пpoблемите. Имено, во Пиедмонт живеат само 2% афроамериканци. Еден ден Грег и Мари тргнале кон автобуската станица, а соседите ги виделе и повикале полиција. Тие сакале да се вратат на улицата, само да не му прават проблеми на Тери, но тој не дозволил.
“Нема шанси да ги пуштам да се вратат на улицата. Многу луѓе кои добро ме познаваат, знаат дека никогаш нема да ги избркам”, вели Тери.