Бугарската влада мисли на своите ѓраѓани кои живеат во Македонија: Им додели убава сума на пари

0

Бугарската влада денеска реши да даде 500 000 лева (околу 260 000 евра) за финансирање на проекти на Бугарите во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на граѓански организации со бугарска самосвест во Северна Македонија, јавува бугарската национална телевизија БНТ.

Парите ќе бидат распределени преку буџетот за 2020 година на бугарското министерство за надворешни работи.

БНТ јавува дека целта на оваа владина одлука е да им се помогне на организациите за подобрување на нивната инфраструктура, да се создадат можности за проширување на дејноста, за зачувување на нивниот бугарски идентитет и за присуство во јавноста во државите во кои живеат.

Бугарскиот патријарх Неофит упати порака до, како што рече, православните браќа во Македонија, нагласувајќи дека тие може да сметаат на поддршката на Бугарската православна црква.

Неофит испрати специјална порака на денот кога Бугарија се поклонува на сеќавањето на бугарскиот револуционер Васил Левски.

Како што наведува агенцијата БГНЕС, специјалната комисија, формирана пред две години за да и и помогне на МПЦ-Охридска архиепископија за добивање автокефалност, продолжува со својата работа во БПЦ. Комисијата ја предводи митрополитот на Стара Загора.

Патријархот Неофит ја коментираше и иницијативата на патријархот Ерусалимски за средба со лидерите на православните цркви следната недела во главниот град на Јордан.

– Се разгледуваат уште некои мислења и потоа ќе се донесе одлука – изјави Патријархот, одговарајќи на прашање на БГНЕС дали ќе присуствува на состанокот на православните цркви свикан од патријархот Теофил Трети од Ерусалим во Аман на 26 и 27 февруари.

На прашањето дали, сепак, е предвидено учество на претставник на БПЦ на таа средба, патријархот Неофит рече: „Тоа е под знак прашање“.

Агенцијата потсетува дека за средбата во Аман учеството го потврдиле само патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати категорично одбиле да присуствуваат. Последниот што одговори негативно на поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на оваа недела.

Претходна статија(ВИДЕО) Иако буквално спие на пари, докажа дека има големо срце: Вдоми двајца бeздoмници
Следна статијаВасил Димишков сведочеше и откри што мисли за Камчев