Старите рекле вака: Фрли позади за да најдеш напред! И оваа поговорка животот им ја потврдил на многумина кои знаат да прават добри дела и да го дадат својот вишок на оние кои немаат.
Но во евангелијата пак пишува вака: ,,Многумина го даваат од својот вишок, но оној што го дава она последното што го има на својот ближен кој е во невоља, му е најмил на Бога”!
Токму тоа и се случило на жена од Филаделфија. бездомник и помогнал кога била во безизлезна ситуација, а потоа таа му собрала околу 110.000 долари и го спасила од суровите услови за живот на улицата.
Кејт Меклур останала без бензин за време на возење и така морала да запре на меѓудржавен пат во Филаделфија.
Било веќе околу полноќ и не знаела што да прави и кого да повика во помош. Со себе немала ниту пари.
Тогаш се појавил бездомникот Џони Бобит и кога забележал во што е проблемот и рекол да ја заклучи колата и да не излегува. Отишол до бензинска и со последните 20 долари во џеб купил канта бензин.
Бидејќи тогаш немала пари да му се заблагодари, повеќе пати се враќала на патот за да му даде облека, храна и нешто пари. После неколку средби, одлучила да покрене акција за собирање пари за Бобит како би се тргнал од улицата.
Парите почнале да стигаат, а целта им била да соберат околу 10.000 долари. Меѓутоа, собрале многу повеќе, околу 110.000 долари.
„Бев наивна мислејќи дека колата ќе издржи толкав пат на резерва. Никогаш претходно такво нешто не ми се случило. Тогаш го забележав Џони, тој секој ден седи покрај пат.
Не ми побара ниту цент, само сакаше безбедно да стигнам дома. Подоцна му ги вратив парите за бензинот, му дадов јакна, нараквици, капи, чорапи, но мислев дека би можела да направам уште нешто за него. Ве молам, помогнете му на овој човек бидејќи доаѓа студено време. Навистина мислам дека тој тоа го заслужува“, рекла Кејт.
Откако тамошните жители слушнале за него, се јавиле неколкумина негови бивши колеги од Итна помош каде што работел и пријатели кои рекле дека знаеле дека „исчезнал“ веќе 18 месеци, но го памтат како човек со добро срце кој никому не би наштетил.