Ми се допаѓа продавачката што работи во еден супермаркет, а другарите ми викаат да не сум се понижувал

0

Јас сум спортист, успешен кошаркар, студирам во еден од најпрестижните универзитети во Европа. Не сум многу богат, не сум ни сиромашен, имам таман колку што ми треба.

Моите родители припаѓаат на работничка класа, цел живот работеле од седум до три, сега од осум до четири и дома носеле просечни плати. Понекогаш мајка ми го подбуцнуваше татко ми, да зел некој бизнис нешто да сработи, да направи пари преку ноќ како другите, но тој не и обраќаше внимание на таквите муабети.

Девизата на татко ми беше дека најслатки се чесно заработените пари. Од нив, велеше, мирно се спие, немаш навечер кошмари и не се плашиш дека некој навечер ќе ти затропа на врата.

Епа јас го водам животов според девизата на татко ми, па таа стана и моја девиза. Одлучив да завршам добар факултет, а потоа да се вработам по можност во некоја престижна фирма и така да заработувам доволно во мојот живот.

Под зградата каде што живеам пред неколку години отворија супермаркет и многу ми го олеснија животот, бидејќи сè што ми треба си пазарам од таму. Од пред неколку месеци вработија една млада продавачка што мене веднаш, на прв поглед многу ми се допадна. Поради нејзе понекогаш се симнувам по стопати за да купам некоја ситница, за да ја видам неа.

Почнавме да си правиме муабет, а според насмевките и погледите можам да кажам дека и јас нејзе и се допаѓам. Таа има три години средно училиште и потекнува од сиромашно семејство.

Кога им кажав на другарите дека сум затрескан во оваа девојка, сите почнаа да негодуваат. Не знам зошто навистина.

Ми велат: Дај бе брат, не се понижувај! А другарките ми велат, да сум се фрлел во контејнер ако сум се смувал со неа. Мајка ми исто така дозна и почна и таа да ми гунџа по дома, какви девојки имало низ градот, каде ми биле очите…

Додуша, кога ќе размислам, и немаме нешто многу тема за разговор, разговараме тоа-па тоа, ама проблемот е што многу ми е мила, убаво се чувствувам кога сум покрај нејзе. Поубаво ми е со неа отколку додека сум со некоја друга.

Сега сум на зимовање три седмици, ама кога ќе се вратам размислувам да ја прашам да излеземе и да ми биде девојка, па ме боли уво за сите… Нека си мислат што сакаат.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ВИДЕО) Македонската старлета: Ме коментираат луѓе што од Вардар подалеку не би иделе
Следна статија(ВИДЕО) Помогнал на жена која останала без бензин, а потоа таа му обезбедила еден куп пари