(ФОТО) ДНК со невообичаен настап: Имаа концерт во КПД Идризово

0

Статус на Александар Ковилоски:

На мое задоволство, членовите на популарната македонска музичка група ДНК овој вторник (11 февруари) настапија во КПД „Идризово“. На импровизираната сцена пред осуденичките од женското одделение испеаја дел од своите најголеми хитови а истовремено им подарија и примероци од своето CD издание „The best of“.

Престојот во КПД Идризово го искористија и за краток разговор со осуденичките и за размена на мислења. Настанот се одржа во организација на секторот за ресоцијализација на казнено-поправниот дом, и има за цел да ги поттикне осудените лица на просоцијално поведение по напуштањето на установата и за нивна полесна адаптација во социјалниот свет.

За таа цел во подготовката на настанот се приклучија и осуденичките кои моментално издржуваат затворска казна, а дел од нив за време на настанот и јавно презентираа своја затворска поезија.

Сакам да се заблагодарам на Панчо и Андреј за нивната смисла за општествена одговорност. На мојата покана одговорија веднаш, настапија бесплатно и од срце.

Од друга страна верувам дека на ист начин им беше возвратено и од „публиката“. Може многу да се коментира за затворите но едно е јасно – во КПД Идризово одамна немало вака насмеани лица, и развојот на културно-забавниот живот во установите од овој тип е повеќе од потребен.

Затоа, изразувам благодарност до управата на КПД Идризово и до Управата за извршување на санкциите за одобрениот влез на гостите. Благодарност и до секторот за обезбедување од женскиот дел на установата за професионализмот во извршувањето на работните обврски за време на настанот.

На мое задоволство, членовите на популарната македонска музичка група ДНК овој вторник (11 февруари) настапија во КПД…

Публикувахте от Aleksandar Koviloski в Петък, 14 февруари 2020 г.

*фотографиите се објавени со писмена согласност од страна на осудените лица

Претходна статијаПриказна која расплакува – Марко и учителката која му мирисала исто како мајка му
Следна статијаЖители на Сарај: Ни пристигаат сметки за канализација а ние такво нешто немаме