Жители на Сарај: Ни пристигаат сметки за канализација а ние такво нешто немаме

0

Жителите на селата Свиларе и Арнакија, во општина Сарај, се жалат дека им се бараат по 255 ден за одржување на канализацијата, иако немаат канализација во селото или воопшто не се поврзани со мрежата.

Жителите на селото Свиларе велат дека за неплаќање на овие сметки Општинското јавно претпријатие ангажирала и извршители за да ги добие парите.

„Немам канализација. Оди и види, а сметки по три наеднаш ми праќаат. Не една или два, туку три, зошто не ги плаќам. Добро е што сте тука како сведок да одите да ја видите канализацијата и да ме казните. Да функционираше, ќе платев, но не функционира, а ми бараат пари. Жално е ова, срам“.

Жителите на Свилари велат дека од 450 куќи, само симболичен број се поврзани со канализациска мрежа што не е функционална, бидејќи канализацијата завршува во реките на селото.

„Канализација се влева во оваа река, ние плаќаме за да не ја фрлиме во реката, а се плаќа и се фрла во реката. Зошто да му дадам нему пари да ја фрли во река, ќе го направам тоа сам, и нема да му дадам пари.

Еве 6455 денари треба да платам за извршител. Ова се сите камати. Не цело село, туку само 30 или 40 куќи се поврзани, други немаат како да се поврзат со канализацијата нема ниту проект, ниту ништо. Нема како да се поврзеш со реката, затоа што некаде е на три метри, некаде на два метра и тие куќи не можат да се поврзат“.

Според жителите, уште поопасен е фактот дека канализацијата се испушта над главниот цевковод што го снабдува Скопје со вода за пиење.

„Скопје се снабдува со вода преку цевкава тука. Главната цевка на скопски водовод. Тука поминува канализацијата, овде поминува целата нечистотија. Што нема тука!“.

Но, од општината Сарај велат дека изјавите на жителите се наменети да манипулираат со јавноста. Тој додава дека жителите немаат право сами да ја фрлаат канализацијата во реката, но мораат да плаќаат. Според Беџети, и јавното комунално претпријатие и плаќа услуги на градот Скопје.

„Ниту еден граѓанин нема право самоиницијативно да се поврзе со реките, како што им е кажано, и да го фрлаат отпадот. Општината и ЈКП се за да воспостават ред. Би било хаос кој како да постапи. Чистењето на реките направено од општината, и регулирањето се прави со општинскиот буџет“, рече Блерим Беџети, градоначалник на општината.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Алсат М

Претходна статија(ФОТО) ДНК со невообичаен настап: Имаа концерт во КПД Идризово
Следна статија(ВИДЕО) Битолската музичка група порача: Македонија на Македонците