Војводата и војвотката од Сасекс минатиот месец соопштија дека сакаат да се повлечат од должностите, членови на кралското семејство и дека сакаат самостојно да работат за да станат финансиски независни.
„По повеќемесечни размислувања и внатрешни превирања, решивме да направиме промена… Сакаме да се повлечеме како високи членови на кралското семејство и да работиме да бидеме финансиски независни додека постојано и целосно ќе го поддржуваме нејзиното кралско височество“’ објавија Меган и Хари.
Двојката рече дека има намера да го поминува времето во Велика Британија но и во Северна Америка, со натамошно „поичитување на нашите должности кон кралицата, Комонвелтот и сите кои се под наше покровителство…
Но се чини дека и овој план се менува, бидејќи најновата вест е дека тие ја отпуштаат комплетно послугата која била во нивна служба во Англија.
Меган и Хари јасно дале до знаење како живеењето пола година во Лондон нема да се реализира и дека најверојатно нема ништо да биде од нивната работа. Додека најверојатно само неколку досегашни работници ќе преминат на други позиции во кралското домаќинство, остатокот земале оштета.
Со својата одлука да отстапат од својата кралска должност, вработените од Бакингемската палата веќе не им се потребни. Сите детали се уште се финализираат, а се внесува и напор некои луѓе да се префрлат на други позиции внатре во кралското семејство, за жал, некои од нив сепак ќе останат без работа“, открил извор близок на кралското семејство.
Но Кралицата Елизабета како да не може да се помири со одлуката на младиот брачен пар, иако порано месецов таа им даде дозвола да го реализираат нивниот план. Денс излезе информација дека таа ги повикала Меган Маркл и принцот Хари да се вратат во Велика Британија на почетокот на март по повод одржувањето на прославата Денот на Комонвелт.
На 9 март „избеганиот пар“ би требало да се врати и за да ја збогати прославата за британската јавност да не ги осуди, доколку одлучат да не се појават и на таа прослава.
За кралицата ова е многу значаен датум па сите се убедени дека Меган и Хари ќе мора да ги спакуваат куферите и од Канада да пристигнат во Британијa затоа што немаат никава можност тоа да го одбијат.
Блиска пријателка на Меган пак, ги открива вистинските причини зошто Меган и Хари се одлучија на ваков чекор:
-Животот по протокол им дојде преку глава. Само некој што не го почувствувал ваквиот живот, не знае колку е тој тежок. Само навидум е ,,бајковито” она движење меѓу фоторепортери, послуга и привилегии.
Во суштина, овие ,,важни” луѓе, се длабоко несреќни, изолирани од реалниот живот и секојдневните убавини кои тој ги носи.
Сетете се во каква состојба беше принцезата Дијана пред да и се случи тоа што и се случи. Токму затоа, за да не ја доживее судбината на Дајана, Меган се одлучи на ваков чекор и успеа да го убеди Хари, вели неименуваниот извор, блиска на семејството.