Други шо сакаат нека зборуваат – мене овде во Италија најдобра другарка ми е свекрвата

0

Ако отидеш како турист, ќе си помислиш дека си во рајот, но не е баш место кое ќе го посакаш за живеење. Освен климата. Климата е идеална. Тое е единственото што ми дедостига. Се викам Кристина и имам 41 година, а ова е моето искуство со Италија.

Во Милано отидов пред шест години. Претходно овде работев во банка но ми здосади и сакав промена. Отидов да работам како бејбиситерка и ми помина цела година во обидување да најдам некоја подобра работа пред да се вратам дома. Не можев ништо асално да најдам, и баш пред да тргнам за дома, го сретнав својот денешен сопруг.

Така, се вратив дома и продолжив да работам во банката. Врската ја одржувавме од далечина, тој доаѓаше кај мене, јас кај него и тоа траеше до моментот кога одлучивме да имаме дете.

Така, по една ипол година јас повторно се вратив во Италија. Уште од овде почнав да посетувам курс по италијански јазик бидејќи навистина ми се допаѓа нивниот јазик. Се сместивме во Сан Ремо.

Во овој регион се живее многу позатворено отколку кај нас, тешко се склопуваат пријателства. Практично, цели две години најдобра пријателка ми беше свекрвата, се’ додека детето не тргна во градинка. Секој ден го поминував по парковите во прошетки, но ми беше невозможно да остварам некое пријателство.

Многу се затворени и недоверливи. Тоа и самите за себе го велат. Не станува збор за недоверба кон странците, туку општо се такви, не се дружат меѓусебно, барем не на начин на кој ние сме навикнале. Многу ретко пијат кафе по кафичи а дома па скоро воопшто.

Сега некако веќе стекнав одреден круг на пријатели. Откако детето тргна во градинка имам две пријателки за кафе и попладневно дружење во паркот. Или одиме една кај друга за да си поиграат децата.

Само со една пријателка остварив вистински близок контакт. Ова лето дојде да ме посети дома, во мојата татковина. Често заедно одиме некаде на викенд, ни се дружат децата и сопрузите, ние сме фамилијарни пријатели.

Многу ми недостига татковината. Овде има многу мала побарувачка за работа, а јас не можам да најдам никаква. Едно време поработев во телекомуникации, но не ми одеше. Се работеше за провизија, а заработка немав никаква.

Оваа година за малку ќе одлучев да останам дома, во мојата татковина, на барем 1-2 години. Но детето тргна во прво одделение, па оваа одлука ја одложив. Сопругот не сака да се откаже од својата работа и да се пресели со мене, бидејќи не го ни знае нашиот јазик. Тој е агент за недвижнини па можеби некако ќе успее да се снајде и да остане мобилен.

Мајка ми е почината но татко ми се’ уште е жив. Тука би имала куќа, што значи не морам да плаќам за кирии, комуналиите се помали и полесно би нашла работа поради познавање на италијанскиот јазик. На сопругот не му се допаѓа баш многу начинот на живеење и нашите односи со пријателите и роднините.

Како и да е, секако ќе се иселиме од Сан Ремо бидејќи тука немаме перспектива. Ништо не се случува и нема никаков напредок. Кој ќе дојде за првпат, ќе му се допадне, но никој не се враќа повторно.

Овде доаѓаат само викендашите од Милано и околината кои имаат куќи тука. Кај нас многу работи подобро функционираат, но за жал, за тоа не сме свесни додека не заминеме.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаБугарија бара Македонците во Албанија да учат бугарски јазик
Следна статијаЖената што ми го чуваше детето преку ,,папочето” се обиде да направи магија – најдов и клуч на прозор