Свекрвата одлучила да ги тестира своите три снаи, а резултатите од тестот нема да ве остават рамнодушни

0

Родив три сина, сите пораснаа, завршија школо, се вработија, а подоцна и се оженија. Си основаа свое семејство и си живееја секој со своите сопруги одвоено од мене.
Јас имав желба барем еден да останеше со мене да живее, ама ја почитував нивната желба и желбата на снаите да си живеат одвоено.

Еден ден одлучив да го посетам најстариот син и ги замолив да преноќам кај нив. Утрото ја замолив снаата да ми донесе вода.

Таа ми донесе голем бокал вода. Испив малку колку што ми се пиеше, а остатокот го истурив во креветот врз постелнината, каде што спиев. Кога дојде снаата да ми донесе чај, и реков: Драга снао, јас се измокрив во креветот додека спиев, знаеш, тоа често им се случува на постарите.

Кога виде што сум направила и кога слушна, веднаш ми се обрати со повишен тон, ми изнакажа неколку грди зборови и на крај грубо ми рече дека треба да ја исперам постелнината и да ја ставам да се суши.

Ако тоа ми се повторило, веќе немало да ми дозволи да преноќувам кај нив. Јас се обидов да ја прикријам мојата лутина и големото разочарување, ама се воздржав и не изреагирав. Ја исправ постелнината, ја исушив, а потоа си заминав од кај нив.

Истиот ден, го посетив мојот среден син и исто така, ги замолив да преноќам кај нив.
Ја повторив целата работа со водата и постелнината следното утро. Снаата во присуство на мојот среден син, ми се изнавика и ме изнавреѓа, а син ми само стоеше од страна и немо посматраше. Едвај ја голтнав кнедлата во грлото и се воздржав да не заплакам. Тој не се ни обиде да ја заштити својата мајка.

Го напуштив и нивниот дом, па се упатив кај најмладиот син. Преноќив кај нив и повторно ја истурив водата по креветот на кој спиев.

Кога најмладата снаа влезе во собата со чајот, и реков дека постелнината е мокра бидејќи во сон сум се измокрила. Таа нежно ми рече: Не се вознемирувај мајко наша, тоа често им се случува на старите луѓе. Колку пати ние како деца сме го правеле истото во кревет?

Потоа ја зеде и ја испра постелнината, ја исуши и ја намириса. После појадокот, на мојата најмлада снаа и реков: Ќерко моја, мојата блиска пријателка ми испрати пари од странство за да купам златна огрлица за нејзината ќерка.

Треба комплет да направам со нараквица и обетки. Јас не ја знам димензијата, ама нејзината ќерка е приближно твоја величина. Дали ќе ми дозволиш да земам мерки од твојот врат и раце?

И зедов мерки, а потоа отидов во златарница и купив многу скап златен накит. По извесно време, дојдоа сите тројца синови со своите семејства на рачек кај мајка си.

После ручекот, мајката го извадила скапоцениот накит за да го видат сите. Тие се восхитувале на неговата изработка и убавината.

Потоа им раскажала како таа, додека преноќувала кај сите нив, истурала вода во креветот и дека тоа не било мокрача. Синовите и снаите во чудење се погледнале едни со други.

Таа го зела скапоцениот накит и го ставила на вратот на најмладата снаа, па рекла: Бог не ми подари ќерки, туку тројца синови. Ова е мојата ќерка, кај неа, ако даде Бог да доживеам длабока старост, ќе ги поминам последните денови од својот живот, зошто само таа може да ми ја пружи потребната нега и внимание.

Тогаш постарите двајца синови со прекор и разочарување погледнале во своите жени.
ПРАВИ ДОБРО И НА ДОБРО НАДЕВАЈ СЕ!

И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаПродолжува борбата за наследството на Есма – „кралицата на ромската музика“ не го заслужува ова
Следна статијаТажна приказна: ”Докторкe, маж ми работи, не пие, секој ден имаме леб и нешто да свариме, не се жалам”