Продолжува борбата за наследството на Есма – „кралицата на ромската музика“ не го заслужува ова

0

Четири години по заминувањето на Есма Реџепова продолжува борбата за нејзиното наследство. Иако нејзините посвоени деца велат дека не ги сакаат ни парите ни куќата, сепак нејзините браќа и внуци бараат дел од наследството, па велат дека своите права ќе ги бараат на суд.

Имено, внук на Есма, Аднан Реџепов кој е син на нејзиниот брат и кој живее во Германија сака да ја тужи хуманитарната организација „Есма и Стево Теодосиевски“ на која треба да ѝ припадне куќата.

Тој се сомнева дека хуманитарната организација неправедно го присвоила имотот и го лажирала тестаментот на Есма.

Прва на „Фејсбук“ се огласи Васка Јанковска, некогашен пратечки вокал во бендот на Горан Бреговиќ. Таа тогаш напиша дека се сомнева во вистинитоста на тестаментот на Есма и дека авторските права требало да ги добие Симеон Атанасов.

„Симеон, еден од посвоените синови на Есма, беше со неа на сите концерти и настапи и се грижеше за нејзината кариера и по смртта на нејзиниот сопруг Стево“, напиша таа.

Инаку, Есма пред десет години изјави дека планира да отвори музеј „Дом на хуманоста“, во нејзината семејна куќа во скопската населба Шуто Оризари.

На прашањето на новинарите кога планира да го доврши музејот, Есма тогаш изјави: „Старите луѓе знаат да кажат, ‘Немој никогаш да ја довршуваш куќата веднаш. Остави барем нешто недовршено за да имаш причина да живееш’. Но, јас сепак би сакала барем оваа година да го завршам“.

Есма Реџепова почина на 11 декември 2016 година. Таа имаше 47 посвоени деца, едно девојче, а останатите момчиња.

Претходна статијаПрвични детали за првиот Македонец со Корона вирус: Познато во каква состојба е и каде е во моментов
Следна статијаСвекрвата одлучила да ги тестира своите три снаи, а резултатите од тестот нема да ве остават рамнодушни