Статус на Марјан Костадиновски:
,,Кога некој од мене би побарал да го опишам животот во една реченица тоа е : чекање. Цел живот нешто чекаш. чекаш да се раздени, чекаш роденден, чекаш да дојде викенд, го чекаш летото, чекаш и нова година.
Чекаш правда, го чекаш и понеделникот , го чекаш раѓањето, го чекаш и таксито, чекаш и автобус понекогаш, чекаш вечера, концерт.
Го чекаш и пивото да стаса, ја чекаш и ракијата со мезе, супата да се згрее, келнерот, љубов, одговор, насмевка, новост, промена, повик, вистина, судбина, нејзе, сите нас…
Чекаш времето да помине, а всушност би требало да го запреш, или барем забавиш малку, бидејќи од сите чекања само едно со сигурност го дочекуваш …крајот. …се уморив од чекање…”