Првата љубов на Шабан Шаулиќ во седмата деценија изгледа како ,,бомба” (ФОТО)

0

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ кој што загина во сообраќајна несреќа во Германија повеќе од четири децении од животот го помина со сопругата Гордана, а малку кој се сеќава пред нејзе негова голема љубов беше пејачката Милена Плавшиќ.

Таа тогаш беше на почетокот на својата кариера, Шабан популарен, а кaко што се зборува требало и да се верат. Иако Шабан брзо се ожени со Гоца, со Милена пријателството го обновија во 2001 година кога го снимија и дуетот „Верувај ми“.

Инаку пејачката Милена денеска има 63 години и покажа дека во седмата деценија од животот изгледа феноменално.

Жешките топли денови ги искористи во уште пожешкиот Египет, каде што се одмара веќе неколку дена, притоа изненадувајќи ги своите фанови со по некоја фотографија од преубавиот Египет.

Иако пејачката е во седмата деценија од животот, таа се соблече во костим за капење и покажа дека изгледна бомбастично, а со тоа дека и годините не мора да значат ништо.

Претходна статијаСилна експлозија во Белгија – има срушени куќи и луѓе под урнатините
Следна статијаПендаровски имаше емотивна средба со својата прва учителка – таа го означи на стара фотографија