Силна експлозија во Белгија – има срушени куќи и луѓе под урнатините

Во експлозија која се случи во белгискиот град Антверпен, се срушија три куќи, соопшти полицијата.

Се стравува дека под урнатините има заробено луѓе, а спасувачките служби работат на нивно пронаоѓање. Се верува дека најмалку две лица се наоѓаат под урнатините.

Според првите информации, се работи за експлозија на плин. Експлозијата се случила во 12:20 по локално време.

Loading...