Фрапантни информации попладнево објави финансиската полицијата за големата акцијата која утрово се спроведе во селото Љуботен во Скопје.
Како што информираат од таму, при акцијата запленети се повеќе од 12 тони тутун од видов Верџинија кој е забранет за садење и обработка во Македонија.
Тутунот бил нелегално произведен и обработуван, а имало и пакети увезени и од соседните земји. Нелегалната трговија завршувала од правни на физички лица кои потоа го сечеле и режеле тутунот за на крај да заврши на црните пазари.
Од почетокот на годината досега по земени неколку мостри од тутун од неколку градови каде што се продавал, утврдено било дека во некои од мострите постојат пестициди, а го имало и пестицидот „бифетрин“ за кој наджелните велат дека е невротоксин и создава иритација на кожата.
При проверката било констатирано дека има и зголемено ниво на катран, муфла и други состојки кои доведувале и до појава на рак кај човекот и акутно труење.
Извор: Тв21