Градоначалникот лично се пресметал откако го фатил разбојникот кој му влегол дома

Во семејната куќа на градоначалникот на Чачак Милун Тодоровиќ во соседна Србија, рано утрово влегол повеќекратен разбојник.

„Околу 4 часот утрово ме разбуди сопругата, која ми рече дека нешто тропа во приземјето. Мислев дека е промаја и дека тропа некој прозорец, но штом дојдов на скалите слушнав превртување работи и дишење на човек’. вели за агенцијата РИНА Тодоровиќ.

Тој се вратил горе и ѝ рекол на сопругата да се јави во полиција.

Кога дошла полицијата разбојникот со шрафцигер тргнал накај градоначалникот, но тој го задржал додека полицијата не го совладала. Разбојникот веќе имал собрано вредни предмети.

Loading...