Стојанче Ангелов тврди не го избркале од кафуле – Лика му порача „овој пат се спаси”

0

Во албанските медиуми излезе веста дека Стојанче Ангелов бил избркан од кафуле во Тетово од братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика.

Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.

По ова Ангелов на својот Фејсбук профил објави дека станува збор за лажна вест:

-Освен келнерот од кого порачавме кафе и кон ни донесе кафе, никој друг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кои едниот е Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот. Доста ширите омраза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите вас, напиша тој.

А веднаш потоа следуваше коментар од Лика во кој го директно му порача:

-Овој пат се спаси, те очекувам да доаѓаш пак и ќе видиме како лажам тогаш.

По ова уште еднаш Стојанче го запраша Лика дали тој го избркал од локалот, а тој му рече дека Да, тој го избркал од локалот.

Претходна статијаКако да претчувстувал нешто: Шабан Шаулиќ пред само три месеци го составил тестаментот, еве на кого го оставил целиот имот
Следна статијаНашите срца се делат на пред и после тебе, остана само жал – Ќерките на Шабан Шаулиќ се простија од татко им со неговите познати стихови