Ја затекнав својата сопруга во кревет со мојот најдобар пријател, а потоа ја направив најголемата глупост

0

Познато е дека прељубата е нешто што сѐ почесто се случува во денешно време. Па затоа, луѓето своите проблеми од неверството ги изнесуваат преку медиумите.

На тој начин се ослободуваат од притисокот, а воедно и добиваат корисни совети од луѓето кои имале слични искуства.

Во морето со разни исповеди, приказната на еден анонимен маж, многу нѐ заинтригира и најверојатно во неа многумина ќе се пронајдат. А еве за што се работи.

“Мојата сопруга, јас и нашите деца отидовме на одмор со мојот најдобар пријател и неговата сопруга, кои имаат деца на возраст како нашите”, ја започнал својата приказна мажот, кој посакал да остане анонимен.

“Престојувавме во вила во Шпанија и последниот ден одлучивме да го посетиме водениот парк. Во последен момент сопругата ми рече дека се чувствува лошо и одлучи да остане во вилата.

А мојот најдобар пријател беше спречен да тргне со нас, поради важен повик од работа.

Кога стигнавме, сфатив дека ја заборавив влезницата за во паркот, на мојата најмала ќерка и наместо да платам нова, се вратив во вилата по старата.

Кога стигнав таму, слушнав дека од нашата спална соба се слушаат звуци и ја затекнав својата сопруга со најдобриот пријател, заедно во кревет.

Се чувствував изненадено и ужасно.

Го познавам својот најдобар пријател веќе 30 години, а јас и мојата сопруга сме заедно повеќе од 10 години. Ова што ми го направија е нешто што не му го посакувам на никој.

Кога се вратив назад во водениот парк, сето тоа што го видов, ѝ го пренесов на неговата сопруга, која речиси се распадна пред своите деца и почна да плаче и да вика. Тоа е нешто поради кое многу се каам, не требаше да ѝ кажам.

Сите моравме заедно да се враќаме накај дома и тоа беше најтешкиот ден во мојот живот. Сега кога конечно сме дома, мојата сопруга вели дека многу се кае за сѐ и дека тоа се случило само два пати, што било најголема грешка.

Таа вели и дека се чувствува запоставено, бидејќи јас премногу работам, но тоа е неизбежно за да им обезбедам убав живот на своите деца.

Децата сепак се најважни. Не знам што да правам”, ја завршил својата исповед мажот кој се чувствува ужасно и на кој му е потребна голема поддршка.

Претходна статијаСопругот ми даде услов, ако не го исполнам, да си ги соберам парталите – заминав во истиот момент
Следна статијаИсповед која ги растажи сите: Сопругата си фати помлад љубовник и ме остави мене и нашите три деца