Тим од врвни лекари се обидува да и ја спаси раката на српската водителка која утрово во шест часот доживеа страшна несреќа. таа најпрво направила сообраќајка, па на неа налетал автобук и и ја откинал раката, па Брзата помош морала итно да и ја ампутира.
Деа Џурџевиќ се наоѓа на операција а тим од доктори се борат да и ја спасат рајката, иако како што дознаваат српските медиуми, шансите се минимални бидејќи има тешки повреди, скинати лигаменти над лактот и операцијата тешко оди.
Како што пренесоа медиуми од соседна Србија, Деа одела на работа како и секој ден бидејќи требало да ја води програмата со Предраг Сарап. Меѓутоа, доживеала несреќа, а нејзиниот колега ја видел на лице место. Деа требало да ја води утринската програма но се случила сообраќајка.
Како што се пишува, неколку моменти пред да налета автобусот кој и ја откинал раката, Деа била на врска токму со Сaрап, а претходно имала полесен судир со друг автомобил а во истата учествувале повеќе возила и автобуси.
-Таа излезе за да провери што се случило во несреќата. Потоа го повикала Сарап и му рекла дека ќе доцни на тевелвизија, му објаснила што се случило и го замолила да почне „Ново утро“ без неа. Во тој момент, автобус налетал на неа и ја удрил. Таа вреснала-рекол за српски блиц извор упатен во целата ситуација.
Нејзиниот партнер, новинар од телевизијата Пинк, им рекол на колегите дека се слушнал до Деа и дека лекарите прават се за да ја спасат нејзината рака.