Многу тешка судбина: Не купуваат ужинка, за да има пари за млеко за братчето, останале без татко, мајка им нема работа

Илија Ковачевиќ (14) и неговите браќа Душан (16) и Давид (4) живеат со својата мајка и болната баба на ридот Забучје во Ужице, во куќа која се распаѓа и има шупливи ѕидови и тавани. Илија и Душан одат на училиште без ужинка, оставаат сè за Давид, барем да има нешто да јаде.

Само неколку дена пред овие тројца браќа да ја раскажат својата жална животна приказна на екипата на српски „Блиц“, нивниот татко бил погребан.

Младите момчиња се без погодни чевли за ова ладно време, а најмалото, нивен полубрат си игра со скршена играчка во рака и облека стара којзнае колку долго.

Мајката е без работа

– Мајка ни не работи никаде. Додека татко ни беше жив, тој правеше колку што можеше. И тогаш беше многу тешко. И сега кога го нема повеќе, не треба ни да размислиме за тоа. Имаме помош од Центарот за социјална работа и она малку од пенизјата која баба ни ја наследи од дедо ни, но тоа е малку на сите нас – раскажуваат Душан и Илија, синови на Наташа од нејзиниот прв брак.

Наташа објаснува дека помошта од Центарот за социјална работа е 3.000 динари, на секои три месеци, а пензијата на мајка и само 5000 динари од кои дел одат за надгробниот споменик.

Таткото на нејзиниот најмлад син, Давид, нејзиниот втор сопруг, живее во Вишеград, 75 километри од Ужице. Понекогаш, кога ќе дојде да го види, тој им носи пари и храна.

Ова семејство живее во услови кои се далеку од оние во кои треба деца да растат.

Илија и Душан, одат на училиште без пари за ужинка. И ги оставаат на Наташа за да купи млеко и смоки за најмалиот Давид.

Тие не се жалат за облека, туку најголема желба им е да го направат поткровјето кое го имаат убаво место за живот.

Уште еден голем проблем

Илија тивко раскажа за уште еден голем проблем, оној поради кој куца со едната нога.

– Поради проблем со ‘рбетот, кој го имам уште од раѓање, на 18 февруари чекам за операција. Лекарите рекоа дека ќе мора да се оперирам и на десната нога, која е 2,5 центиметри пократка од левата страна. Ја прашав мајка ми како ќе најдеме пари за патувањето во Белград, но таа ми рече дека тоа не е наш проблем. И знам дека нема пари – раскажува Илија со солзи во очите.

Извор: Blic.rs

Loading...