Во моментов снег трупа во овие делови од Македонија, силен ветер и блокирани патишта – на овие места е најкритично

0

Од 17.20ч. поради обилни врнежи од снег и засилен ветер се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци.

Претходно, поради обилни врнежи од снег и засилен ветер попладнево беше воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар во двата правци.

Како што информираат од ЈП Македонијапат, забраната е воденедена од 16:30 часот.

Пред нас се брзи и големи промени на временската состојба, поточно најпрвин ни следува студен воздух од север, повторно голем пораст на температурите очекуваме особено за време на викендот, секако сето ова многу лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните па така кај повеќето граѓани, особено кај метеопатите можна е главоболка како и болка во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза и несоница како и тежина во главата и телото, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Инаку денеска од југ во нашата држава ќе навлезе влажен бран кој ќе услови повремени врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките и планинските места, ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот.

Снежната граница има услови на некои места, особено на запад и на север да се спушти и под 1000 м.н.в.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет па локално се очекува да наврнат околу 10 до 15 л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 5 до 7 степени пониски од денешните и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Веќе од утре следува период на стабилно и суво време па така наутро понекаде температурите ќе се спуштат под нулата, максималните дневни пак повторно ќе бидат во позначително покачување и за време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст па така максималните дневни за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Нешто пониски температури ќе имаме наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, токму големите температурни разлики лошо ќе влијааат врз здравјето на граѓаните, особено кај метеопатите.

Да напоменеме дека во текот на утрешниот ден сеуште ќе има локална позначителна облачност но и мали услови за сосема слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност.

Претходна статијаЈа совладаа емоции: Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ се расплака пред публиката
Следна статијаKoга хармоникашот “Босанац” свири на свадба тоа изгледа вака: Купишта пари на сите страни