Бидете подготвени: Циклонот Марко се враќа со интезивни врнежи

0

Почнувајќи од утре доцна попладне и навечер па во текот на следните денови, нашата територија повторно ќе биде под влијание на циклонот МАРКО кој ќе условува почести врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, овие врнежи ќе условат и понатаму снежната покривка да се зголемува, анализира метеорологот Славчо Поповски.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот. Утрово ќе има услови за појава на магла.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а на југот и од пладневните часови ветерот ќе биде јужен. Минималната температура ќе се движи од -9 до -1, а максималната од еден до девет степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе биде во интервал од -6 до два степена.

Според УХМР, следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините. Утре ќе се зголеми облачноста, а од крајот на денот ќе почнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег. Се очекува најпрво да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни на југоистокот и истокот.

Повремно услови за врнежи од дожд и снег има понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Исто така утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во текот на следниот период повторно на некои места се очекува да наврне позначително количество на воден талог, и тоа над 30 л/м2.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 1- степени.

Инаку денешното утро најстудено беше во Тетово каде се измерени -11 степени, во Скопје температурата на воздухот се спушти на -10 степени.

Претходна статијаСаша Поповиќ на среде снимање и постави на Карлеуша незгодно прашање – по минута молчење брутално му врати
Следна статијаДивна Карлеуша: Душко е швалерџија, Јелена не го интересира ВИДЕО