Собрала 15 000 евра и избегала – младоженецот и гостите измамени од невестата

0

Крис Махон (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па со друштвото пред летот на Ибица, каде што требало да се одржи четиридневната прослава, се собрале на аеродром.

Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели биле непријатно изненадени кога откриле дека невестата избегала со 13-те илјади фунти наменети за свадбената веселба и на аеродромот ги оставила на цедило.

Но, набргу било откриено дека невестата, која на себе ја преземала обврската околу организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување за гостите на Ибица, иако сите и дале пари.

„Избеганата невеста“ тоа го направила поради одмазда, бидејќи погрешно мислела дека Крис ја изневерувал. Во својата освета отишла толку далеку што на гостите им отпечатила лажни авионски карти и лого на локалната туристичка компанија.

Претходна статијаОвие женски хороскопски знаци се родени да бидат најдобрите сопруги
Следна статијаСе огласи Врањеш: Душко Тошиќ знаеше за мене и Јелена